25 работи кои треба да ги направите ако ја посетите Сицилија

Сицилија е едно од омилените места во Италија на голем број туристи и оние кои се љубители на нејзиното уникатно историско и културно наследство. 

25-raboti-koi-treba-da-gi-napravite-ako-ja-posetite-sicilija-01.jpg

Има многу работи ја прават Сицилија шармантно и атрактивно место во Италија кое секоја година има илјадници посетители кои се препуштаат на задоволствата кои им ги нуди Сицилија. Секако, постојат места кои ако имате можност мора да ги посетите, за вистински да ја доживеете нејзината убавина.

Ова се само дел од оние работи и места кои можете да ги посетите ако отпатувате во овој мал рај на земјата: 

1. Откријте ја Магна Греца во Долината на храмовите во Агриџенто, Селинунте и Сеџеста.

25-raboti-koi-treba-da-gi-napravite-ako-ja-posetite-sicilija-1.jpg

2. Уживајте во природната убавина на Скала деи Турчи во провинцијата Агриџенто.

25-raboti-koi-treba-da-gi-napravite-ako-ja-posetite-sicilija-2.jpg

3. Уживајте во највкусното џелато во Caffè Sicilia во Ното.

4. Загубете се во 100-те неверојатни цркви на Модика.

25-raboti-koi-treba-da-gi-napravite-ako-ja-posetite-sicilija-3.jpg

5. Имајте традиционален сицилијански појадок како почеток на гурманското патување – вкусно бриоче (сладок кроасан) и гранита.

25-raboti-koi-treba-da-gi-napravite-ako-ja-posetite-sicilija-4.jpg

6. Пробајте го оригиналното Модика чоколадо во Antica Dolceria Bonajuto.

7. Пробајте ги сите традиционални вкусови на Сицилија: црвени ракчиња во Mazara del Vallo, каперси во Pantelleria, чери домати во Pachino и зеленото злато на Сицилија, ф’стаци во Bronte.

8. Пробајте ги оригиналните аранцини во Палермо во некое од многуте улични места за храна. Резултатот е секогаш еднаков: вкус на вистински деликатес.

25-raboti-koi-treba-da-gi-napravite-ako-ja-posetite-sicilija-5.jpg

9. Пробајте ги сите видови на капоната кои можете да ги најдете – посебно затоа што тука имате различни типови на модар домат.

25-raboti-koi-treba-da-gi-napravite-ako-ja-posetite-sicilija-6.jpg

10. Пазарувајте во еден од историските пазари на Палермо.

11. Почувствувајте ја одблизу топлината на Етна и Стромболи.

25-raboti-koi-treba-da-gi-napravite-ako-ja-posetite-sicilija-7.jpg

12. „Предозирајте“ се од шеќер преку некои од највкусните и најсочните десерти на светот: сицилијански каноли, гранита, касата...

13. Уживајте во убавиот живот на Таормина, местото на најголемите писатели и филозофи.

25-raboti-koi-treba-da-gi-napravite-ako-ja-posetite-sicilija-8.jpg

14. Уживајте во црно или бело: Прошетајте низ темните песоци на Стромболи или нурнете во белите плажи на островот Липари.

15. Уживајте во една неверојатно романтична вечер во Ciccio Sultano’s.

16. Нарачајте кафе од Bar Vitelli во Савока каде Вито Корлеоне од Кум одел најчесто.

25-raboti-koi-treba-da-gi-napravite-ako-ja-posetite-sicilija-9.jpg

17. Пливајте во природниот базен на Gole dell’Alcantara.

18. Сончајте се на една од најубавите плажи во светото на Лампедуса островот: Конигли плажата.

25-raboti-koi-treba-da-gi-napravite-ako-ja-posetite-sicilija-10.jpg

19. Уживајте во чаша вино направено во типични римски амфори.

20. Земете тура на пловење околу Егади островите и пливајте во кристално чистите води на Кала Роса плажата.

25-raboti-koi-treba-da-gi-napravite-ako-ja-posetite-sicilija-11.jpg

21. Потонете во бајките на минатото со посета на селото Манџипане.

22. Посетете го волшебниот Чефалу, едно од најживописните мали гратчиња во Италија.

25-raboti-koi-treba-da-gi-napravite-ako-ja-posetite-sicilija-12.jpg

23. Уживајте во ноќниот живот на енергичната Катанија.

24. Стапнете во уште една бајка со посета на замокот Шиака.

25. Искачете ги шарените скалила на Санта Марија дел Монте.

Би можело да ве интересира:

Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...
Топ 10 плажи во Италија за оние кои сакаат филмски одмор Плажа помеѓу карпи, во шармантни италијански градови или под брдести селца со гр...
Европски пролетни дестинации со евтини летови од Скопје Брисел, Франкфурт, Милано... Каде сакате да одите оваа пролет? Брисел, Франкф...
Што можете да правите во Фиренца оваа есен? Видете го најпознатиот мост во Италија, восхитувајте се на уникатната готска кат...
7 ресторани во Врање кои може да ги посетите кога одите на еднодневна тура Ресторани на отворено со двор, ресторани со игралиште за деца, или со рустичен и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg