10 причини зошто да го посетите Бразил
Ако посакувате добро да се забавувате и својата душа да ја наполните со сеќавања и искуство, за вас нема подобро место од Бразил.
Оваа јужноамеричка земја има многу да понуди: од непрегледни плажи, преубави жени и уникатна архитектура, до неверојатна атмосфера.
Ова се главните атракции на Бразил:
1. Плажите
Ова е прва ставка на секој список на причини зошто да ја посетите оваа „земја на кафето“.
По должината на целото бразилско крајбрежје има повеќе од 1.500 плажи меѓу кои се наоѓа и најпопуларната Porto de Galinhas. Тука можете да уживате во утринското бразилко кафе или во некоја спортска активност.
2. Карневалот
Ако не сте помислиле на плажите, тогаш сигурно сте се запрашале какво е чувството да се присуствува на еден од најжешките и најинтересни карневали на светот.
Тука ќе имате можност да уживате во добра музика, да пиете до зори, запознаете луѓе од сите краеви на планетата Земја и што ли уште не.
Ако сакате нешто поинтимна атмосфера, тогаш може да се одлучите за некој карневал од околните гратчиња.
3. Амазонската прашума
Во прашумата на Амазон постојат голем број на мали дрвени колиби кои ќе допринесат вашето искуство да биде побогато. Тука ќе наидете на природна убавина составена од бујна вегетација до величествени водопади.
4. Дочек на нова година
Додека голем број на луѓе на листата на градови во кој сакаат да ја дочекаат новата година ги ставаат Лондон или Њујорк, вие можете слободно да го додадете Бразил.
Милиони луѓе облечени во бело на Копакабана кои се забавуваат до утринските часови и огномет кој започнува на полноќ.
5. Бело Хоризонте
Помалку позната атракција на Бразил е Бело Хоризонте, град кој е вистинско место за љубителите на доброто вино. Тука имате повеќе од 12.000 барови кои работат 24 часа дневно и во секој момент се подготвени за посета.
Во Беаги како што го нарекуваат Бразилците овој град, добро е да ги посетите и главните туристички атракции Пампула и Саваси.
6. Гостопримливите луѓе
Ако сакате да се запознаете со некој во Бразил, тука многу бргу ќе се стекнете со пријатели. Сите се љубезни и ќе ви покажат како добро да се забавувате во нивната земја.
Можеби ќе се изненадите колку Бразилците се среќни и подготвени за забава.
7. Флорианополис
Бразилските градови во главно се комбинација од традиција и култура од една страна и модерните вредности на друга страна.
Овој град има посебен дух и култура чија атмосфера ги полни ноќните клубови, барови и луксузни ресторани.
По New York Times, Флорианополис е прогласен за број еден град за забава во 2009 година.
8. Плажата Ипанема
Добро знаете дека Бразил е добро место за вас ако сте љубител на плажата и сончевите денови поминати на плажа, а нема подобро место за вас од плажата Ипанема. Најсексапилната плажа на светот.
Преубави жени собрани од целиот свет и фудбал на песок.
9. Капоеира
Капоеира е боречка вештина на камуфлирање и феноменален енергичен танц. Во Бразил можете да посетите некое училиште или курс за капоеира и да ја испробате бесплатно.
10. Пантанал
Ако сакате да ја видите вистински дивата природа на Бразил, следете ги трагите на Пантанал – кралот на џунглата.