6 најегзотични плажи на светот
Вие сте љубител на авантурите, имате голема желба за запознавање на нови луѓе, сакате да пробувате разни кулинарски деликатеси и притоа да уживате во најубавите глетки што некогаш постоеле. Постојат неколку места на светот кои ќе ве воодушеват токму вас.
Погледнете ја листата на најегзотични плажи во светот и одберете ја совршената за вас:
1. Caye Caulker, Белизe
Белизе е една од оние дестинации направена за луѓето што знаат што точно сакаат. Познато како едно од најсреќните места во светот, целата земја таму вибрира од мултикултурната енергија, а ни оваа плажа не е исклучок.
Најчесто е опишувана како типичен карипски шарм со опуштена атмосфера.
2. Плажата Emerald, Окинава, Јапонија
Emerald е плажа скоро за секој тип на човек. Поделена е во три области: една за играње, една за одмарање и за разгледување. Токму затоа е погодна за секој посетител. Секоја од обласитите е долга 150 метри.
И како што Јапонија е надалеку позната како егзотична дестинација, бидејќи нејзината култура во секој поглед е единствена, во комбинација со оваа извонредна плажа, претставува совршен избор за љубопитните истражувачи.
3. Плажата Matira, Бора Бора, Тахити
Рајот на Земјата: Бора Бора е островот на магијата сместен во Јужниот Пацифик, а на тамошната плажа, позната како Matira постојат голем број на активности наменети за авантуристите: Хранење на ајкулите, обиколка на островот со џип која трае половина ден, а тука се и едноставните уживања на златните плажи.
Островот често се нарекува и “Романтичниот остров”.
4. Плажата Anse Victorin, Сејшели
Плажата претставува совршен избор за луѓето со авантуристички дух, бидејќи е идеален избор за оние кои го обожаваат нуркањето, а сите скриени богатства чекаат да бидат откриени.
Оваа плажа која е синоним за егзотичноста е карактеристична и по нејзиното опкружување со бујна вегетација и карпи.
5. Плажата El Mirador, Мексико
Глетката на преубавиот син океан што ја нуди оваа плажа е веќе доволна причина веднаш да го подготвите куферот и уште истиот момент да сте на пат за Мексико. Иако не постојат хотели во овој регион, сепак има помали сместувања што се на блиско растојание до истиот.
6. Плажата Kaanapali, Хаваи
Позната како “Најдобрата плажа во Америка” за 2003-та година, оваа плажа има скоро 5 километри чист бел песок, палми распоредени по целата плажа и заедно со прекрасниот хипнотизирачки океан, најчесто прави како сето тоа да е сон.
За оние што планираат да ги видат Хаваите, посетата на оваа плажа треба дефинитивно да ви биде на врвот на листата за работи што треба да ги направите.
Па која е вашата дестинација?
Автор: Е.Г.