Најпопуларни дестинации за романтичен меден месец за 2015
Заврши свадбата, полека се вративте во нормала и почнавте да размислувате за меден месец? Пред да букирате, погледнете кои се најпопуларните, романтични дестинации за 2015-та година.
Овие 8 дестинации се дефинитивно најромантичните кои ќе ви понудат незаборавен прв одмор како брачен пар.
Од приватни плажи и неверојатни градови па сѐ до рурални средини, ова се најпопуларните дестинации за новопечени брачни парови:
1. Тоскана, Италија
Секој добар меден месец би требало да започне со романтична вечера и чаша добро вино. Најдоброто место за тоа е секако во Италија, поточно во Тоскана. Можете да уживате во богатата ренесансна уметност и да посетите некоја винарија.
2. Санторини, Грција
Островот е познат по белата архитектура и куќите во карпи, Санторини е бисер на Егејското море. Ќе ги задоволи сите ваши потреби: разгледување на археолошки рушевини и пронаоѓалишта, чекорење по антички скалила, истражување на мали улички и уживање во типичната грчка кујна. Санторини ќе ви пружи незаборавен меден месец.
3. Малдиви
Вистински тропски рај кој ви нуди приватни масажи и услуга во собите, односно во приватните вили кои се сместени покрај тиркизното море. Малдиви е совршено место за романтично бегство од реалноста.
4. Кауи, Хаваи
Најстариот остров на Хаваите, Кауи, е совршен избор за оние со авантуристички дух, кои сакаат да уживаат во природата, да се возат со кајак и да планинарат. Овој остров е вистински одмор за очите и вистинско уживање благодарение на прекрасните песочни плажи.
5. Фиџи
Североисточно од Нов Зеланд се наоѓа малезиската група на острови, која брои повеќе од 332 острови, кои се украсени со кристално чиста вода, сјаен песок и бројни луксузни ресорти. Совршено е за сите они парови кои сакаат да сурфаат, нуркаат, планинарат и да се опуштаат во бесконечни базени.
6. Бали, Индонезија
Тиркизната вода и песочните плажи се совршен опис на Бали, остров во Индонезија. Коралните гребени ќе ве остават без здив и сите останати слики во природата кои едноставно изгледаат неверојатно за да бидат реални.
7. Бора Бора
Познат по своите луксузни одморалишта, Бора Бора е мал остров во француската Полинезија, а уште е наречен и бисерот на Пацификот. Лежењето и уживањето на плажата е една од најголемите предности на одморот на Бора Бора, но секако можете да ја истражувате природата и да нуркате во азурно сините води.
8. Пукет, Тајланд
На западната обала на Тајланд, се наоѓа големиот остров Пукет. Секој пар ќе ужива во совршениот остров и бројните активност кои таму ќе ги најдете како јавање слонови, локални натпревари во кујна, посети во храмови, масажи...