За љубителите на патувањето: Личен хотел на расклопување
Колку би било добро кога не би морале да трчаме низ агенции за да резервираме хотелска соба или да ги скратиме трошоците за спиење, а сепак да можеме да си дозволиме да патуваме низ светот. Сега тој сон е реалност, благодарение на мини хотелот на расклопување „Travelbox”.
Кутијата лесно може да се транспортира бидејќи тежи 60 килограми, а долга околу два метра и откако ќе се расклопи од неа се добива удобен кревет со кој имате маса, столче, простор за велосипед и фиоки за чување на лични работи.
„Travelbox” е идеално решение за сите страсни љубители на патувањето и за урбани номади, односно луѓе кои често ја менуваат својата локација.
Но, овој мини хотел ќе ви биде од голема помош и во домот, во случај да ви дојдат непланирани гости.
Што велите, би го користеле ли „Travelbox”?