Места на кои љубовта станува вечна: Од Љубовниот тунел во Украина до катанците во Париз

Од љубовни легенди во магични дестинации денес сеуште се практикуваат од страна на илјадници туристи кои се во потрага по љубовта.

mesta-na-koi-ljubovta-stanuva-vecna-od-ljubovniot-tunel-vo-ukraina-do-katancite-vo-pariz-01

Овие верувања не е важно дали се вистинити или не. Со години ширум светот успеваат да ги привлечат паровите и да ја искажат својата желба за искрена и вечна љубов.

1. Мостот на воздишките

Овој мост не е само еден од многубројните мостови кои ги поврзуваат каналите во Венеција туку еден од најпознатите и најромантичен мост. По тамошните верувања, доколку се бакнете додека минувате со гондола под овој мост засекогаш ќе ја осигурате љубовта меѓу вас. Сè што ви е потребно e да бидете тука пред самото зајдување на сонцето.

mesta-na-koi-ljubovta-stanuva-vecna-od-ljubovniot-tunel-vo-ukraina-do-katancite-vo-pariz-2.jpg


2. Статуата на Јулија

Добро позната ви е најголемата љубовна приказана која Шекспир ја сместува во срцето на северна Италија во градот Верона.

За тоа дали станува збор за вистинска приказна или е само слаткоречив мит, постојат многубројни расправии. Во секој случај, тоа не ги спречува туристите да поминат илјадници километри за да стигнат пред куќата на Јулија каде се наоѓа познатиот балкон.

За оваа куќа се врзуваат неколку верувања. Најнапред ако се одлучите заедно со вашиот партнер да успеете да пристапите до десната дојка на бронзената статуа од Јулија со сигурност ќе останете заедно засекогаш. Вашата љубов ќе биде вечна.

Доколку сте сè уште сингл Јулија ќе ви помогне да ја најдете љубовта на вашиот живот.

mesta-na-koi-ljubovta-stanuva-vecna-od-ljubovniot-tunel-vo-ukraina-do-katancite-vo-pariz-3.jpg


3. Писмо до Јулија

Како што кажавме, постојат неколку верувања кои се врзуваат со оваа куќа. Така, доколку имате некоја неостварена љубовна желба сè што е потребно да сторите е да и напишете искрено писмо на Јулија и да го залепите за некои од ѕидовите од влезот во куќата.

Јулија ќе се погрижи тoа да ви се исполни.

mesta-na-koi-ljubovta-stanuva-vecna-od-ljubovniot-tunel-vo-ukraina-do-katancite-vo-pariz-4.jpg


4. Тунелот на љубовта

Во Украина e сместен таканаречениот Љубовен тунел. Всушност станува збор за дел од тунелот на железницата каде природно вегетацијата обликувала романтичен затворен круг. Ова ремек дело на природата секојдневно привлекува илјадници парови. Тука, ако заедно со партнерот посакате некоја заедничка љубовна желба да ви се оствари, таа со сигурност ќе ви се исполни.

mesta-na-koi-ljubovta-stanuva-vecna-od-ljubovniot-tunel-vo-ukraina-do-katancite-vo-pariz-5.jpg


5. Катанци на љубовта

Постојат многу места каде се одвива оваа традиција, а еден од најпознатите мостови е сместен во срцето на Париз. Со години љубовта паровите ја заклучуваат со катанец кој треба да ја осигура нивната вечна меѓусебна привлечност и искрена љубов. Катанецот се заклучува а клучот се фрла во водата.

mesta-na-koi-ljubovta-stanuva-vecna-od-ljubovniot-tunel-vo-ukraina-do-katancite-vo-pariz-6.jpg

Би можело да ве интересира:

Паролдо: Вошебно италијанско село во кое се верува дека живеат вештерки (фото) Паролдо има околу 230 жители, а постојат легенди дека во волшебното село живееле...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
Што можете да правите во Фиренца оваа есен? Видете го најпознатиот мост во Италија, восхитувајте се на уникатната готска кат...
Долги редици, турканици низ тесните улички - Што може да очекувате од Санторини, ако го посетите во ... За совршени фотки на белите кровови ќе треба да се изборите за место со илјадниц...
Лажни резервации за хотел и авионски билети – Како да ги избегнете измамите кога резервирате за одмо... Не наседнувајте на лажни пораки со честитки дека сте добитник на бесплатно патув...
Плажи на Кипар што вреди да се посетат (и што треба да знаете за нив) Кои се најпосетените плажи на Кипар, а за кои малкумина знаат? Во продолжение из...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg