10-те најубави острови за 2015 според TripAdvisor
Ако годинава сте решени вашиот летен одмор да го поминете на некој остров, тогаш, сигурно уште од сега ја бирате дестинацијата.
Но, познатата веб - страница за туристички патувања, TripAdvisor, веќе направи листа на најдобрите 10 острови според коментарите и оценките на оние кои веќе ги посетиле.
Ваше е само да одберете, да се спакувате и да тргнете.
1. Providenciales (Turks & Caicos)
Ова е најпопуларниот остров меѓу Turks и Caicos островите. Има долги песочни плажи и азурно сина вода која се прелева во разни нијанси. Ако уживате во водните пространства, тогаш ова е вистинскиот избор за вас. Најдобри плажи кои мора да ги посетите се Grace Bay и Chalk Sound.
2. Maui (United States)
Се наоѓа на Хаваите и е за вистинските вљубеници во природата. Покрај уживањето во водата, може да ја истражувате и бамбусовата шума, како и водопадите во Националниот парк Халеакала. Песокот е со златна боја, а ова избор за оние кои го сакаат и сурфањето. Најдобри места кои не смеете да ги пропуштите се Ka’anapali и Kapalua Coastal Trail.
3. Roatan (Honduras)
Вистинско уживање за оние кои ги сакаат долгите денови на плажа со коктел до зајдисонце. Погоден е и за оние кои го сакаат риболовот и водните спортови. Ботаничките градини се посебна глетка, совршена за долги прошетки исто како и разгледувањето на плажите, качени на коњ. Најдобрите места на Rotan кои мора да ги посетите се West Bay и Carambola Botanical Gardens & Trails.
4. Santorini (Greece)
Белите градби, карпите, кристално сината вода и сите нијанси на зајдисонцето се доволна причина за да го одберете овој остров во Грција. Рестораните покрај вода, прошетките низ специфичната архитектура, ќе ви овозможат едно поинакво доживување. Најдобрите места кои не смеете да ги пропуштите на Санторини се: Skaros Rock и Akrotiri.
5. Ko Tao (Thailand)
Еден од најубавите острови на Тајланд, каде може да уживате под некој палма на долгите песочни плажи додека уживате во синиот хоризонт. Постојано е сончево и за времето воопшто не треба да се грижите. Ако сакате да се сончате, тука сигурно ќе ја добиете најубавата боја. Места кои не смеете да ги одминете се Sai Nuan и Apnea.
Останатите 5 се на следната страна...