Каков сувенир да купите од земјата во која патувате?

Сувенирите се важен дел од патувањето и голем дел од патниците сакаат дома да донесат нешто што ќе ги потсетува на местото кое го посетиле и авантурите кои таму ги доживеале. 

kakov-suvenir-da-kupite-od-zemjata-vo-koja-patuvate-001.jpg

Заборавете ги стандардните приврзоци за клучеви, магнети за фрижидер или шолји за кафе, следат најдобрите автентични сувенири кои може да ги купите од земјата во која сте отпатувале:

1. Аргентина: Кожни производи

Оваа јужноамериканска земја е позната по кожните производи и затоа е совршено место да изберете пар нови кожни ракавици, кожни чевли или кожен паричник. Земјата изобилува со мноштво мали бутици од каде ќе можете евтино да купите квалитетни кожни производи.

najubavite-suveniri-koi-mozete-da-gi-kupite-niz-svetot-1


2. Белгија: Чипка

Белгија е дом на дел од најдобрите ателјеа за чипка во светот. Белгиската чипка е уникатна и посебна затоа што е целосно рачно изработена. Брисел и Бриж се особено познати градови по изработката на сложена тантела.

kakov-suvenir-da-kupite-od-zemjata-vo-koja-patuvate-003.jpg


3. Кина: Чајник

Сè што е поврзано со чај претставува прекрасен сувенир од Кина. Рачно обоен чајник или сет филџани би биле прекрасно потсетување на времето кое сте го поминале во Кина, но можете да донесете и автентичен кинески чај за да го продолжите уживањето и дома.

najubavite suveniri koi mozete da gi kupite niz svetot-3


4. Англија: Чоколадо

Чоколадото Cadbury е совршен подарок за блиските бидејќи многумина се согласуваат дека нема поубавото чоколадо на светот од ова.

najubavite-suveniri-koi-mozete-da-gi-kupite-niz-svetot-4


5. Франција: Макаронс

Не траат многу долго, но овие колачиња се прекрасен сувенир. Можете да ги купите насекаде низ Франција, но најдобри се оние од Pierre Hermé.

najubavite-suveniri-koi-mozete-da-gi-kupite-niz-svetot-5


6. Германија: Кригла за пиво

Нема подобар сувенир од кригла за пиво, особено како сте во Германија за време на Октоберфест. Криглите за пиво вообичаено се направени од порцелан, калај или стакло. Низ Германија ќе најдете многу локални продавници каде се продаваат автентични кригли.

najubavite-suveniri-koi-mozete-da-gi-kupite-niz-svetot-6


7. Грција: Маслиново масло

Оваа медитеранска земја е позната по девственото маслиново масло кое се користи во скоро сите грчки рецепти. Едно од најдобрите места да купите автентично грчко маслиново масло е селото Критса кое се наоѓа на островот Крит. Тука се прави светски најпознатото маслиново масло, кое често го нарекуваат „Рол Ројс на маслата“. Ако не сте во состојба да носите со себе шише маслиново масло, можете да изберете сапуни или козметика изработена од маслиново масло.

najubavite-suveniri-koi-mozete-da-gi-kupite-niz-svetot-7


8. Унгарија: Црвен пипер

Црвениот пипер е совршен подарок кој може да го купите од Унгарија бидејќи го има насекаде и е неверојатно евтин. Унгарскиот пипер е уникатен и се смета за поблаг од останатите кои растеле во други региони. Одлично место да најдете автентичен локален пипер е Централниот пазар во Будимпешта.

kakov-suvenir-da-kupite-od-zemjata-vo-koja-patuvate-002.JPG


9. Ирска: Виски

Шише квалитетно виски е класичен сувенир кој може да го донесете од Ирска. Најдобро место да купите добро ирско виски е дистилеријата Бушмилс, каде ќе можете да видите (и мириснете) како се прави виски.

najubavite-suveniri-koi-mozete-da-gi-kupite-niz-svetot-9

Уште 10 на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
Морничави замоци низ Европа кои се верува дека се „опседнати“ (и можете да ги посетите) Натприродни појави, сенки, морничави гласови – ова се само дел од работите што н...
Плажата која ги победи Малдиви за „најсино море“ се наоѓа во Албанија - на 270km од Скопје Чиста тиркизна вода, волшебен поглед, светол песок... Плажата на огледалата (Pas...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg