Каков сувенир да купите од земјата во која патувате?

10. Италија: Традиционална венецијанска маска

Традиционалната венецијанска маска е прекрасен сувенир кој може да го купите само во Италија. Овие преубави маски се користат за време на познатиот маскенбал во Венеција и често се мошне сложено нацртани. Маските се изработени од кожа, порцелан или стакло.

Купете ја вашата маска во Ca’Macana, една од најстарите работилници во Венеција. Оваа работилница е позната по автентичната изработка на маски кои се прават на истиот начин на кој венецијанските мајстори ги изработувале и пред 800 години.

najubavite-suveniri-koi-mozete-da-gi-kupite-niz-svetot-10


11. Јапонија: Електрични уреди

Оваа азиска земја е позната по електрониката. Навистина, некои од продуктите се продаваат по поевтина цена, но тоа не е причината зошто треба да купите електрични уреди од Јапонија - тука ќе најдете уникатни и понекогаш бизарни продукти кои никогаш нема да ги најдете дома. Најдоброто место да купите несекојдневни електрични уреди во Јапонија е областа Акихабара во Токио.

najubavite-suveniri-koi-mozete-da-gi-kupite-niz-svetot-11


12. Мароко: Керамика

Шарените рачно обоени керамички чинии се прекрасен и уникатен подарок. Декоративните садови често се украсени со сложени цветни и геометриски елементи. Градовите Сафи и Фез се водечките центри за керамика во Мароко.

najubavite-suveniri-koi-mozete-da-gi-kupite-niz-svetot-12


13. Холандија: Сирење

За секој гурман, сирењето е совршен сувенир кој може да го однесе дома. Во Холандија изборот на сирење е огромен и продавниците бесплатно херметички ќе ви го спакуваат сирењето кое ќе го одберете. Во Reypenaer cheese tasting room, можете да дегустирате различни видови сирење пред да решите кое да го купите.

najubavite-suveniri-koi-mozete-da-gi-kupite-niz-svetot-13


1
4. Полска: Накит од килибар

Килибарот е скапоцен камен карактеристичен за Полска и постојат стотици продавници кои продаваат квалитетен накит. Според National Geographic, полските златари имаат повеќе од 80 имиња за различните видови на килибар, од оган и мед, до облачно и волнено. Се верува дека накитот од килибар носи среќа.

najubavite-suveniri-koi-mozete-da-gi-kupite-niz-svetot-14


15. Португалија: Шарени плочки

Овие плочки, наречени азулејо, имаат големо влијание врз португалската култура. Азулејо се насекаде низ Португалија - ги има на ѕидовите на црквите, куќите, клупите, фонтаните, баровите, рестораните и подземните железници. Совршен начин дома да донесете мал дел од Португалија е да купите вакви азулејо плочки во една од многуте продавници за сувенири низ земјата.

najubavite-suveniri-koi-mozete-da-gi-kupite-niz-svetot-15


16. Русија: Лакирани кутии

Овие шарени кутии може да се најдат насекаде низ Русија. Прекрасните рачно обоени кутии се направени од неколку слоја ламинирана хартија која потоа е сушена во печка. Сликите на кутиите вообичаено се сцени од бројните руски бајки и легенди. Оваа уметност денес највеќе ја практикуваат во градовите Палех, Федоскино и Мстера.

najubavite-suveniri-koi-mozete-da-gi-kupite-niz-svetot-16


17. Јужна Африка - Амарула

Амарула е кремаст алкохолен пијалак налик на ликер кој е направен од егзотично овошје кое се наоѓа само во шумите на Јужна Африка и има вкус на овошна карамела. Овој пијалак е одличен подарок за пријателите.

najubavite-suveniri-koi-mozete-da-gi-kupite-niz-svetot-17


18. Шпанија: Вино

Виното секогаш е одличен сувенир, има ли подобро место да купите вино од Шпанија?

najubavite-suveniri-koi-mozete-da-gi-kupite-niz-svetot-18


19. Турција: Бакарен сет за кафе

Турција е позната по кафето и по производството на бакар. Одличен подарок за некој кој сака да пие турско кафе е автентичен сет за кафе направен од бакар. На Големиот пазар во Истанбул можете да најдете голем избор на сетови за кафе.

najubavite-suveniri-koi-mozete-da-gi-kupite-niz-svetot-19



Би можело да ве интересира:

Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
Морничави замоци низ Европа кои се верува дека се „опседнати“ (и можете да ги посетите) Натприродни појави, сенки, морничави гласови – ова се само дел од работите што н...
Плажата која ги победи Малдиви за „најсино море“ се наоѓа во Албанија - на 270km од Скопје Чиста тиркизна вода, волшебен поглед, светол песок... Плажата на огледалата (Pas...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg