Запознај го светот: 20 авантури кои ќе ви го променат животот
Сакате ли да патувате, да запознавате нови култури и да доживувате незаборавни авантури?
Направивме листа на 20 дестинации кои секој авантурист треба да ги посети, па затоа спакувајте ги куферите и придружете ни се на еден забавен пат околу светот, каде ќе пливаме со ражи, ќе јаваме камили, ќе скокаме банџи и ќе уживаме во најразлични деликатеси.
1. Качете се на камили и уживајте во пустинскиот песок во Ерг Шеби, Сахара.
2. Возете велосипед низ оризовите полиња во кинеската провинција Гуангси.
3. Ако сте љубител на морски плодови, немојте да заборавите да го посетите рибниот пазар во Токио, Јапонија.
4. Изнајмете кола и возете по автопатот покрај океанот во Калифорнија.
5. Ако патот ве води покрај Африка, не пропуштајте да отидете на сафари во Најроби, Кенија.
6. Уживајте во магичната убавина на континенталниот рифт во Исланд.
7. Бидете авантурист како Индијана Џонс и тргнете да ги истражите Инка руините во Мачи Пикчу, Перу.
8. Искапете се во еден од многуте прекрасни амами во Истанбул.
9. Направете некој специјалитет од свежиот зеленчук купен на пазарот во Хои Ан, Виентам.
10. Не заборавајте да ја земете и даската за сурфање кога ќе се пакувате за Смарагдниот Брег, Никарагва.
Уште 10 авантури на следната страна...