Што ви нудат агенциите за патување, а што добивате? (фото)
На сите ни се многу добро познати приказните за тоа дека често на патувањата преку туристички агенции не го добиваме она што го плаќаме.
Сето тоа како резултат на многу трикови, некомплетни информации или „малку изменети“ фотографии во каталозите.
За да изгледа привлечно, брошурите и каталозите со местата за патување се претставуваат во најдобро светло, се фотографираат од најубав агол, се доловуваат најзначајните моменти кои иако можеби ги има во само едно мало ќоше на местото, во каталогот се претставуваат како тоа да е најраспространето.
Од надворешниот изглед, погледот, хотелите, услугите па сè до земјите и градовите кои се посетуваат, сокривањето или маскирањето и шминкањето на реалноста често ни предизвикува разочарувања.
Токму затоа, еден онлајн хотелски водич решил да ги претстави споредбено разликите помеѓу она што го има во каталозите и како истото изгледа во реалноста кога ќе пристигнете на местото.
Забележете ја разликата:
1. Во Доминиканската Република, Gran Bahia Principe Punta Cana resort во каталогот се претставува со долга широка плажа на која може мирно да шетате.
Во реалноста, не сте сами во ресортот и плажата не е доволно широка за да се соберат сите лежалки и да имате простор за мирно шетање.
2. Хотелот Riu Negril Club во Јамајка во каталозите го користи трикот со згодна девојка во фокус, а го прикажува базенот пред хотелот, но вниманието од деталите ви го одзема девојката.
Во реалноста, таа девојка не е претплатена да стои таму и многу е веројатно дека наместо сината глетка пред неа, ќе ги видите сите луѓе од хотелот внатре во базенот.
3. Хотелските соби со опис „поглед на море“ се можеби едни, единствени и најскапи во хотелот, не дека не постојат, но не се сите соби такви.
Од она што го гледате во каталогот, реално добивате соба со еден прозорец од која ако се загледате подобро, можеби ќе видите сино делче од морето во далечина.
4. Топлиот базен во каталогот на хотелот Aqua во Мајами е прикажан со згоден сурфер кој поради трикот со пресечена фотографија, не ги прикажува вистинските димензии туку се чини како само еден дел во кој ќе помислите дека може и да сурфате.
Реално, големината на топлиот базен е точно колку една даска за сурфање.
5. Во каталозите со понуди за романтични патувања се прикажани спални соби со посебно украсени делови и пешкири во вид на лебеди само за парови.
Реално, за спална сметаат дека може да бидат и два споени кревета, а пешкирите си стојат во бањата. Добро е и што ви е наместен чаршавот.
Уште 6 споредби на следната страница...