Што ви нудат агенциите за патување, а што добивате? (фото)

На сите ни се многу добро познати приказните за тоа дека често на патувањата преку туристички агенции не го добиваме она што го плаќаме.

kako-navistina-izgledaat-mestata-od-katalozite-za-letuvanje-02

Сето тоа како резултат на многу трикови, некомплетни информации или „малку изменети“ фотографии во каталозите.

За да изгледа привлечно, брошурите и каталозите со местата за патување се претставуваат во најдобро светло, се фотографираат од најубав агол, се доловуваат најзначајните моменти кои иако можеби ги има во само едно мало ќоше на местото, во каталогот се претставуваат како тоа да е најраспространето.

Од надворешниот изглед, погледот, хотелите, услугите па сè до земјите и градовите кои се посетуваат, сокривањето или маскирањето и шминкањето на реалноста често ни предизвикува разочарувања.

Токму затоа, еден онлајн хотелски водич решил да ги претстави споредбено разликите помеѓу она што го има во каталозите и како истото изгледа во реалноста кога ќе пристигнете на местото.

Забележете ја разликата:

1. Во Доминиканската Република, Gran Bahia Principe Punta Cana resort во каталогот се претставува со долга широка плажа на која може мирно да шетате.

sto-vi-nudat-agenciite-za-patuvanje-a-sto-dobivate-foto.jpg

Во реалноста, не сте сами во ресортот и плажата не е доволно широка за да се соберат сите лежалки и да имате простор за мирно шетање.

kako-navistina-izgledaat-mestata-od-katalozite-za-letuvanje-2.jpg


2.
Хотелот Riu Negril Club во Јамајка во каталозите го користи трикот со згодна девојка во фокус, а го прикажува базенот пред хотелот, но вниманието од деталите ви го одзема девојката.

kako-navistina-izgledaat-mestata-od-katalozite-za-letuvanje-3.jpg

Во реалноста, таа девојка не е претплатена да стои таму и многу е веројатно дека наместо сината глетка пред неа, ќе ги видите сите луѓе од хотелот внатре во базенот.

kako-navistina-izgledaat-mestata-od-katalozite-za-letuvanje-4.jpg


3.
Хотелските соби со опис „поглед на море“ се можеби едни, единствени и најскапи во хотелот, не дека не постојат, но не се сите соби такви.

kako-navistina-izgledaat-mestata-od-katalozite-za-letuvanje-5.jpg

Од она што го гледате во каталогот, реално добивате соба со еден прозорец од која ако се загледате подобро, можеби ќе видите сино делче од морето во далечина.

kako-navistina-izgledaat-mestata-od-katalozite-za-letuvanje-6.jpg


4.
Топлиот базен во каталогот на хотелот Aqua во Мајами е прикажан со згоден сурфер кој поради трикот со пресечена фотографија, не ги прикажува вистинските димензии туку се чини како само еден дел во кој ќе помислите дека може и да сурфате.

kako-navistina-izgledaat-mestata-od-katalozite-za-letuvanje7.jpg

Реално, големината на топлиот базен е точно колку една даска за сурфање.

kako-navistina-izgledaat-mestata-od-katalozite-za-letuvanje-8.jpg


5.
Во каталозите со понуди за романтични патувања се прикажани спални соби со посебно украсени делови и пешкири во вид на лебеди само за парови.

kako-navistina-izgledaat-mestata-od-katalozite-za-letuvanje-9.jpg

Реално, за спална сметаат дека може да бидат и два споени кревета, а пешкирите си стојат во бањата. Добро е и што ви е наместен чаршавот.

kako-navistina-izgledaat-mestata-od-katalozite-za-letuvanje-10.jpg


Уште 6 споредби на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
7 ресторани во Врање кои може да ги посетите кога одите на еднодневна тура Ресторани на отворено со двор, ресторани со игралиште за деца, или со рустичен и...
Бев на градска плажа во Дојран – Како си поминав и како се движат цените годинава? Температурата на водата е исклучително топла, но пак успеавме да се разладиме. Ц...
Што можете да правите во Фиренца оваа есен? Видете го најпознатиот мост во Италија, восхитувајте се на уникатната готска кат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg