15 работи кои се менуваат засекогаш кога живеете далеку од дома
Потребна е голема храброст, но уште поголема желба за да искусите нешто ново и поинакво. Желбата за патување и откривање на нешто ново ја имаат скоро сите, но на некои им недостига храброста и одлучноста за да остават сè зад себе и да се впуштат сами во непознатото.
Сепак, искуството од она што ќе го доживеете кога живеете далеку од дома, може да биде вистинско богатство.
Но, треба да бидете подготвени дека некои работи засекогаш ќе ви се променат!
1. Адреналинот станува дел од вашиот живот
Од моментот кога ќе го напуштите домот или родниот град сè што ви претстои ви станува предизвик. Постојано имате измешани чувства, од страв до возбуда и среќа. Учењето, импровизирањето, справувањето со неочекуваното ви се секојдневие. Наеднаш зборот рутина ви фали во вокабуларот.
2. По некое време се враќате на старото и сè ви изгледа исто
Кога за празници се враќате дома, сфаќате дека ништо не се променило и сè уште стојат истите проблеми и дилеми, додека вашиот живот и промените се движат со постојана брзина.
3. Ги одбирате зборовите со кои раскажувате
Иако на моменти ви доаѓа да раскажете сè што ви се случува, сепак знаете дека некој што не го доживува истото, тешко ќе ве разбере, па одбирате зборови со кои ќе му ги доловите само најинтересните ситуации.
4. Сфаќате дека храброста е преценета
Додека сите ви аплаудираат за храброста и одлуката да заминете и додека тие се правдаат дека сакаат истото да го направат ама се плашат, сфаќате дека и вам ви се случува истото. На никого не му е лесно да одлучи и да замине во нешто непознато, но храброста е само 10 % од одлуката, останатите 90 % се силната желба.
5. Наеднаш се чувствувате слободно
Секогаш сте биле слободми, но сега слободата изгледа поинаку. Откако ќе се откажете од целиот комфор и ќе почнете да правите нешто сосем сами, илјадници километри подалеку, сфаќате за што сè сте способни.
6. Зборувате повеќе јазици
Дури и во најнепознатата земја да отидете, каде не знаете ниту збор од тамошниот јазик, постепено учите. Дури може и да не забележите како несвесно почнувате да употребувате нивни зборови и почнувате на тој начин да размислувате.
7. Учите полесно да се збогувате и да уживате со себеси!
Брзо сфаќате дека скоро сите луѓе кои ги познавате или среќавате се попатни и секој си ја врши својата работа. Почнувате полесно да правите разлика помеѓу она што мислите, сакате и она што треба да го направите. Полесно се справувате со битката меѓу носталгијата и прагматизмот.
Уште 8 работи кои се менуваат кога живеете далеку од дома, на следната страница...