15 дестинации кои ќе бидат актуелни во 2015-та
11. Пустината Атакама, Чиле
Ова место не е ни најмалку она кое го очекувате и претпоставувате. Ова е најсувата пустина, домот на кактусите, солта, гејзерите и уште многу нешта кои може да се откријат и да ве освојат.
12. Јужноафриканско сафари
Ако нешто претставува туристички предизвик, тогаш тоа е африканското сафари. Тука го има најегзотичниот жив свет кој може одблизу да го видите. Покрај вас може да шетаат вистински лавови и жирафи кои ќе ве преплашуваат, ќе ви го зголемуваат адреналинот, но и ќе ви покажат колку сте храбри.
13. Турција
Почнувајќи од шарените пазари во Истанбул, па сè до карпестите пештери во Кападокија и фестивалот на балони за летање, Турција може целосно да ве освои. Не смеете да ја прескокнете оваа дестинација во текот на 2015 година.
14. Мадагаскар
Ако сакате да откриете нешто навистина уникатно, тогаш тоа е токму ова место. Дивината и природата кои се споени на едно место ќе направат како да сте во нешто нереално. Мадагаскар е местото кое сигурно ќе ве освои и кое нема да може да го споредите со ниедно друго.
15. Куба
Се чини како Куба да е заспана во едно друго време, но токму тоа ќе ве оттргне од секојдневното и вообичаеното. Во Куба има еден посебен дух кој ве обзема и веднаш ви нуди можност да се опуштите и да се почувствувате како да сте дел од тој народ таму. Сè e поинаку таму, но треба да ја посетите за да се уверите!