15 дестинации кои ќе бидат актуелни во 2015-та
Сигурно ќе го памтите годишниот одмор од 2014-та или некое патување на ново место.
Но, ако размислувате каде да отидете во следната 2015-та година, тогаш одберете некоја од следниве 15 дестинации:
1. Босна и Херцеговина
Таа е една од најживописните дестинации на кои секој може да си најде свој омилен дел. Ретко истакната земја како туристичка атракција, но која вреди да се посети.
2. Ирска
Со своите зелени пејзажи и врнежливите денови, Ирска е посебна на свој начин. Се труди да избега од секојдневното клише и да остане со имиџот на многу делови со недопрена природа кои не се многу откриени, но вреди да ги побарате. Таму живеат едни од најпријателски расположените луѓе со кои сигурно ќе сакате да се дружите во некој од ирските пабови.
3. Патагонија, Чиле
Глетката која ви ја нуди ова место, ќе посакате да ја зачувате за себе и ако треба нешто да ви биде крајна цел, тогаш токму ова место би го замислувале како најубавата награда која ве чека на целта. Тука сте подалеку од сите, а најблиску до себе.
4. Белград, Србија
Можеби не е типичен туристички град за престој и одмор, но дефинитивно низ него минуваат многу туристи, случајни или намерни. Белград сè повеќе се претвора во европска метропла која има што да понуди и модерна и историска.
5. Тасманија, Австралија
Во последните години е само споменувана како област во Австралија, но сè уште го нема приматот на туристичка дестинација. Малку е познато дека таму го има најчистиот воздух, најпријателски расположени луѓе и места, недопрена дива природа и многу повеќе.
Уште 5 дестинации на следната страница...