Бајките во реалноста: Најубавите дворци во светот

Дворците се едни од најважните историски градби во светот, а со сигурност спаѓаат и во категориите на најубави и најимпресивни.

bajkite-vo-realnosta-najubavite-dvorci-vo-svetot-.1-

Овие дворци послужиле како инспирација за многу бајки, приказни, легенди и истите биле предмет на дискусии со векови токму заради нивниот имагинативен изглед.

Погледнете ги најубавите дворци во светот:


1. Neuschwanstein, Германија

На врвот на самиот рид, се наоѓа еден од најпрекрасните дворци на светот Нојшваншајн, кој изгледа како да е излезен од бајка. Овој дворец вил изграден по заповед на кралот Лудвиг II, кој наредил истиот да биде срушен после неговата смрт, но за среќа тоа не се случило. Светот добил уште една градба за восхит, а Волт Дизни токму од овој дворец добил инспирација за дворецот на „Заспаната убавица”.

bajkite-vo-realnosta-najubavite-dvorci-vo-svetot-


2. „Chateau de Chaumont”, Франција

На 200 километри јужно од Парис, во природна оаза се наоѓа прекрасниот дворец „Chateau de Chaumont”. Овој дворец е изграден уште во 10-тиот век, а имало повеќе наредби за негово рушење, но за среќа до денес останал недопрен.

bajkite-vo-realnosta-najubavite-dvorci-vo-svetot-.2


3. „Alnwick Castle”, Англија

Дворецот е изграден во далечната 1096 година, а неговата цел била да ја заштити северната граница на Англија од Шкотска. Овој дворец променил неколку сопственици, а на крај дошол во рацете на познатото семејство Перси.

bajkite-vo-realnosta-najubavite-dvorci-vo-svetot-.3


4. „Alcazar de Segovia”, Шпанија

Станува збор за средновековен дворец кој се наоѓа во стариот шпански град Сеговиа, а изграден е во 2-от век пред новата ера. Сигурно ќе се согласите дека токму овој дворец е како излезен од бајките.

bajkite-vo-realnosta-najubavite-dvorci-vo-svetot-.4


5. „Bojnicky zamok”, Словачка

Средновековен дворец како од приказните за принцези, се наоѓа во градот Бојнице во Словачка. Денеска е најпосетениот самостоен музеј кој годишно е посетен од 200.000 туристи.

bajkite-vo-realnosta-najubavite-dvorci-vo-svetot-.6


6. „Hluboka”, Чешка

Дворецот Хлубока е еден од најпознатите и најубавите дворци во Чешка. Изграден е во градот Хлубока во Чешка. Неговиот денешен изглед е инспиран од дворецот „Windsor” во Англија.

bajkite-vo-realnosta-najubavite-dvorci-vo-svetot-.7


7. „Castelul Peles”, Романија

На крајот од прекрасната шумска патека, на врвот на гребенот во Карпатите, се наоѓа прекрасниот нео-ренесансен дворец Пелеш. Овој дворец е еден од најпознатите и најубавите во државата, а неговото формално отворање било одржано во 1883 година.

bajkite-vo-realnosta-najubavite-dvorci-vo-svetot-.8


8. „Balmoral Castle”, Шкотска

Дворецот Балморал е шкотска резиденција на кралската фамилија уште кога принцот Алберт го купил истиот за кралицата Викторија во 1852 година. После смртта на кралицата, Едвард VII го наследил дворецот, а заради неговата големина и убавина, кралицата Викторија го нарекувала „прекрасен рај”

bajkite-vo-realnosta-najubavite-dvorci-vo-svetot-.9


9. „Rodenborg Castle”, Данска

Дворецот Росенборг се наоѓа во Копенхаген во Данска, а првобитно е изграден во 1606 година како летниковец. Овој ренесансен дворец денес се смета за еден од најдобрите примери на многу архитектонски проекти.

bajkite-vo-realnosta-najubavite-dvorci-vo-svetot-10


10. „Castell Conwy”, Велс

Станува збор за редок дворец, кој и понатаму дава едно средновековно доживување на воената архитектура. Неговиот најдобар и наједноставен опис е: „Дворецот Конви, по сите стандарди е еден од највеличенствените потврди на средновековна Европа.”

bajkite-vo-realnosta-najubavite-dvorci-vo-svetot-.11

Би можело да ве интересира:

Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Каде за Први мај - 13 места за излет во природа низ Македонија Со семејството или со друштво, добра музика, вкусна храна, студени пијалаци и се...
Предлог за кратко викенд патување: 5 преубави македонски села Овие пет села се само мал дел од богатата ризница на Македонија. Ги има уште мно...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
12 причини зошто Данска е совршена земја за живот Скандинавските земји пленат со својата архитектура, начинот на живот, храната ко...
5 плажи во Албанија со кристално чисто море (од кои 4 се изолирани) До една од овие плажи се стигнува само со брод, а до другите две мора да пешачит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg