Заљубете се во новата Тоскана – Саленто е новиот рај на земјата кој ќе ве воодушеви!
Создаден од поделбата на Јадранско и Јонско Море, прекрасниот полуостров Саленто е новиот рај во Италија кој ќе ве воодушеви.
Лоциран во југоисточниот дел на италијанската чизма, овој полуостров ја зафаќа провинцијата Лече, Бриндизи и Таранто.
Безбројните плажи и пристаништа ќе ве натераат да се заљубите во новата Тоскана или италијанските Кариби, како што го нарекуваат туристите.
Доколку сакате да вкусите од италијанските пици, тука ќе може да ја почувствувате италијанската магија на вистински начин во врвните ресторани.
Освен пиците кои се традиционално јадење во Италија, Саленто има да ви понуди и ужинка во која ќе уживате со чаша црвено вино. Тоа се Taralli крекерите кои се прават од пченично брашно, квасец, вода, маслиново масло, анасон, црн бибер и сол.
На прв поглед Саленто ќе ве потсети на грчките плажи, но духот на Италија кој се чувствува во секој агол ќе ве увери дека понекогаш првиот впечаток може да биде погрешен.
Доколку ова не ве убеди доволно за да се одлучите да го посетите Соленто, неговите панорамски фотографии сигурно ќе го направат тоа: