Ресорт во кој сите би ги поминале последните денови од летото
Како што сезоната на годишни одмори полека завршува, така започнува сонувањето за едно, последно патување на некоја незаборавно егзотична дестинација.
Ако ја замислувате комбинацијата од забава и опуштање во егзотичен рај, тогаш Niyama ресортот е идеално место.
Се наоѓа на Малдивите, каде самиот ресорт се издига над тиркизно сината вода, односно градбата е во вид на надводни бунгалови кои се препознатливи за оваа дестинација.
Секој бунгалов е одделно парче рај на кој исклучително важни се мирот и приватноста, но и луксузот.
Токму затоа, во склоп на Niyama ресортот влегува и спа центар отворен 24 часа дневно, тераса во модерен стил, бесконечни базени и ентериер уреден во тропски стил.
Заоѓањето на сонцето можете да го погледнете од барот кој се наоѓа на врвот од овој ресорт, додека истовремено уживате во азиската и африканската кујна.
Истражување на подводниот свет, јога на плажа или само излежување со коктел во рака - овде можете да доживеете буквално сè што ќе замислите: