Работи кои мора да ги избегнувате ако патувате сами
Ако патувате сами во странство вашата сигурност ја ставате во ризик, а ризикот се зголемува особено ако сте жена.
За да ги избегнете сите катастрофи кои би можеле да го уништат вашето патување, мора да преземете некои сигурносни мерки.
Сѐ што треба да направите за да се заштитите во непозната земја е токму следново:
1. Организација на време на пристигнување
Организирајте го вашето време со цел да пристигнете на вашата дестинација неколку часа пред заоѓање на сонцето. Во текот на ноќта, многу потешко ќе се снајдете во непозната земја додека сте сами. Пристигнувањето преку ден, ви дава можности да пронајдете убав хотел доколку тоа не сте го направиле претходно. Освен тоа, ќе имате време да прошетате и да го запознаете подобро градот пред да настапи ноќта.
2. Облекувајте се и однесувајте се соодветно
Жените особено мора да бидат внимателни во однос на облекувањето, а пред да тргнете во одредената земја дознајте нешто повеќе околу нивната култура. Пробајте да не привлекувате внимание кон себе и не се издвојувајте од останатите.
3. Вклопете се
Ако изгледате премногу изгубено и беспомошно на останатите им давате до знаење дека сте турист, а со оглед на фактот дека сте сами најмалку што ви треба е да изгледате така. Пробајте да изгледате повеќе самоуверено и однесувајте се како да не сте за прв пат сами некаде.
4. Не морате да ширите нови познанства
Освен кон хотелскиот персонал, гледајте да не сте премногу пријателски настроени кон непознатите луѓе. Запознавањето во кафулиња или барови, честопати може да биде лошо искуство. Покажете мала доза на незаинтересираност.
5. Секогаш имајте план Б
Пред да тргнувате на пат, направете копија од вашиот пасош и од вашето патничко осигурување. Обезбедете се со мапи и мобилни апликации кои секогаш ќе ве однесат на вистинското место.