Би посетиле некое од најнеобичните езера во светот?

Одморот на езеро за многу луѓе буди убави спомени, за куќичка на брегот, мирна вода, еден поинаков мир. Но, не се сите езера такви.

bi-posetile-nekoe-od-najneobicnite-ezera-vo-svetot-01

Постојат и некои кои се сосема различни и необични, многу поегзотични или со посебни лековити својства.

Бидејќи се најчесто затворени неистечни водни површини и самоодржливи екосистеми, тие се и на некој начин експериментални епрувети на нашата планета со невидена способност да развијат појави и да создадат суштества како на ниедно друго место.

За оние со понеобичен авантуристички дух, ова лето може да биде предизвик токму некое од најнеобичните езера во светот.

Езеро Доминика

Езерото кое врие во Западна Индија, не е баш препорачливо за годишен одмор. Тука сигурно не би можеле да уживате во него, но може да го посетите. Тоа постојано врие, па никој не може да му ја измери ниту точната температура. Научниците веруваат дека е поврзано со вулканската лава.

bi-posetile-nekoe-od-najneobicnite-ezera-vo-svetot-1


Езеро Тус

Водата во езерото Тус во рускиот регион Хакасија е лековита и со заситени минерали. Поради тоа Русите во текот на летото често одат таму за да пливаат во лековитата вода со црни и сини наслаги и да се премачкуваат со лековитата кал.

bi-posetile-nekoe-od-najneobicnite-ezera-vo-svetot-2


Езеро Медисин

Езерото Медисин се наоѓа во Канада и можеби на прв поглед не изгледа чудно, туку како обично планинско езерце, но зимно време едвај може да го пронајдете. Се губи во 16 km долгите подземни канали и пештери за потоа повторно да се појави на површината во каноњот Малињ. Индијанците го нарекувале Магично езеро.

bi-posetile-nekoe-od-najneobicnite-ezera-vo-svetot-3


Езеро Мекензи

Ова езеро во Австралија сместено е на островот Фрејзер на околу 130 km долгата песочна плажа која завршува во коралното море. Се полни единствено со свежа вода која паѓа како дожд. Поради тоа е многу кисело за во него да опстанат живи организми. Поради кристално чистата вода и природната убавина која го опкружува претставува дел од светското природно богатство.

bi-posetile-nekoe-od-najneobicnite-ezera-vo-svetot-4


Езерото Ла Бре Пич

Се наоѓа во Тринидад, составено е од околу 10 тони течен асфалт и претставува најголема природна асфалтна јама во светот. Топли басени се појавуваат околу него за време на дождовните сезони, а населението го нарекува извор на младоста.

bi-posetile-nekoe-od-najneobicnite-ezera-vo-svetot-5


Езеро Натрон

Езерото Натрон во Танзанија, секоја животинка која доаѓа до него ја претвора во камен. Температурата му е до 140 степени, а водата на брегот редовно исфрла скаменети тела на кртови и птици кои се привлечени од изгледот на неговата површина која ги мами.

bi-posetile-nekoe-od-najneobicnite-ezera-vo-svetot-6


Езеро Маникуган

Езерото Маникуган се наоѓа во Канада и е единствено езеро кое има прстенест облик. Настанало пред 200 милиони години од удар на астероид со пречник од 5 km, петти по големина кој некогаш удрил на Земјата. Островот во езерото има поголема површина од водата.

bi-posetile-nekoe-od-najneobicnite-ezera-vo-svetot-7

Би можело да ве интересира:

Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...
Бев на градска плажа во Дојран – Како си поминав и како се движат цените годинава? Температурата на водата е исклучително топла, но пак успеавме да се разладиме. Ц...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
Локал близу IKEA во Солун со коктел бар, плажа и детско игралиште - за со друштво или со деца (фото)... На излезот од Солун, во близина на IKEA се наоѓа Ergon Agora, уникатен локал кој...
Морничави замоци низ Европа кои се верува дека се „опседнати“ (и можете да ги посетите) Натприродни појави, сенки, морничави гласови – ова се само дел од работите што н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg