Патување од соништата: Најдобрите чоколадни дестинации

Зависниците од чоколада едвај ќе чекаат да тргнат на патувањето кон некоја од овие слатки дестинации.

patuvanje-od-sonistata-najdobrite-cokoladni-destinacii-1

Лек против чоколадата не постои, па наместо да се откажувате од чоколадото време е целосно да се препуштите во ова уживање.

Заборавете на кратко на диетите и придружете се во растопено и вкусно патување од кое никогаш нема да ви биде доста.

1. Montreux- Gruyrec-Broc, Швајцарија

Во Швајцарија дури и патувањето со воз е малку поинакво, односно и тоа е чоколадно. Дестинацијата Montreux-Broc ќе ја поминете во тематски чоколаден  воз од 19. век кој ќе ви направи едно посебно романтично доживување од самиот почеток на патувањето. Овој чоколаден воз тргнува од швајцарската ривиера и поминува низ планински превои до местото gruyere во кое се наоѓа најпознатото сирење. Потоа, патувањето се продолжува до фабриката Cailler- Nestle, каде ќе присуствувате на производството на чоколадните производи, а секако, ќе имате можност и да ги пробате.

patuvanje-od-sonistata-najdobrite-cokoladni-destinacii-2


2. Мадрид, Шпанија

Добијте ја доцната доза на чоколадо во најпознатите мадридски „churreria”. Станува збор за вафли од пржено тесто, кои се мацкаат во растопено чоколадо. Звучи како сон, нели? Најголемата турканица околу овој вкусен десерт е во 4 часот наутро, кога по слаткиот производ доаѓаат оние кои штотуку излегле од дома и оние кои штотуку се враќаат во домовите. Овој познат шпански производ можете да го пронајдете во чоколадната продавница Valor на Calle de Postigo de San Martin.

patuvanje-od-sonistata-najdobrite-cokoladni-destinacii-3


3. Pennsylvania, САД

Сте замислувале ли некогаш како пливате во полн базен со чоколадо? Токму тоа го нуди спа хотелот во центарот на градот Hersheyju, кој воедно е најголемиот американски производител на чоколада. Сите третмани во овој спа центар се базирани на чоколада која е добра за вашата кожа.

patuvanje-od-sonistata-najdobrite-cokoladni-destinacii-4


4. Bruxelles, Белгија

Иако територијално е мала, Белгија може да се пофали со 2,000 фабрики за чоколада. Она што најмногу привлекува внимание е музејот за чоколадо и какао, кој е отворен во 1998 година и во него се објавени и изложени детали поврзани со чоколадото.

patuvanje-od-sonistata-najdobrite-cokoladni-destinacii-5


5. Торино, Италија

Велат дека не сте пробале чоколадо, сè додека не го вкусите cioccolato caldo. Густ и горчлив пијалок надополнет со шлаг. Торино се смета како главниот град на италијанското чоколадо, а во текот на годината се одржува и фестивал посветен на чоколадата.

patuvanje-od-sonistata-najdobrite-cokoladni-destinacii-6


6. Yucatan, Мексико

Двајца кулинарски експерти од Белгија токму овде отвориле ki’Xocolati-егзотична какао плантажа и трговија која оддава почест на историското мексиканско зрно какао. Ќе имате можност да се напиете топло чоколадо на начинот на кој ја консумирале припадниците на Маите и Ацтеките.

 patuvanje-od-sonistata-najdobrite-cokoladni-destinacii-6

Би можело да ве интересира:

12 европски дестинации кои може да ги посетите во есен (според искусни патувачи) Ако немате идеја каде да заминете на следно патување, искусните патувачи на Euro...
Фотки поради кои ќе посакате веднаш да отпатувате во Швајцарија Зеленило, планини и селца кои изгледаат како од некоја бајка – Швајцарија дефини...
9 европски дестинации каде и во рана есен е уште топло Од Кипар до Анталија, постојат повеќе места каде може да отидете на есенско пату...
5 најбезбедни европски градови (совршени за жени кои патуваат сами) Иако Италија е романтична дестинација, сепак, е одлично место и за сам...
Европски пролетни дестинации со евтини летови од Скопје Брисел, Франкфурт, Милано... Каде сакате да одите оваа пролет? Брисел, Франкф...
Греено вино и совршена елка за Инстаграм фотки - Зошто божиќниот маркет во Будимпешта е меѓу омилени... Не можете да не ја сакате Будимпешта во декември. Ова е време кога опива мирисот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg