8 Светски хотели во кои вашите миленици се добредојдени
За некои луѓе семејното патување не е целосно без нивниот домашен миленик.
Ретко кои хотели дозволуваат со себе да го понесете вашиот четириножен пријател, но токму овие 8 хотели со отворени врати ве чекаат вас и вашите миленици.
Па, наместо да мислите кому да го оставите и дали добро се грижат за него, овие хотели ви нудат првокласна услуга за чување и негување на вашиот миленик.
1. „Hotel De L’Europe”- Амстердам
Доколку патувате во Амстердам, понесете го и вашиот миленик. Овој хотел има посебен персонал наменет за чување, шетање, хранење и нега на миленици. Па, додека вие безгрижно шетате низ прекрасниот Амстердам вашиот миленик ќе биде во сигурни раце.
2. „ME Cabo” (Cabo San Lucas) – Мексико
Овој мексиканси хотел е препознатлив по својата прекрасна услуга и грижата за своите гости, а ни вашиот миленик тука не е исклучок. Во секоја соба има посебни кревети, играчки и гелови за бањање за вашето куче.
3. „Lime Wood Hotel”- Англија
Бескрајни зелени тревници и мирната рурална средина се гаранција дека на вашиот миленик нема да му недостига ништо во овој хотел. Може да се придружите и на другите гости во брзата шумска прошетка низ Forest Power Walk, која ќе биде одлична и за вас, но и за вашето куче.
4. „Hotel Keppler”- Париз
Можеби ќе ви се чини невозможно хотел со вакво раскошно уредување да прими домашни миленици, но грешите. Патувањето во Париз поминете го со вашето куче токму во овој хотел, а единственото што треба да го направите е да се јавите и да го кажете името на вашиот миленик и ќе бидете пречекани со посебен персонал само за вашето куче.
Уште 4 хотели на следната страна...