Хотели со само една соба
Најлесен начин за да ве третираат како ВИП гостин е да бидете екстремно богати или да сте единствени гости во хотелот. Само вие во целиот хотел со само една, единствена соба.
Погледнете ги ексклузивните соби низ светот каде помеѓу сите останати удобности ќе го добиете целосното внимание и третман од домаќините, само за вас.
One Room Hotel – Прага, Чешка
Овде едно ноќевање би ве чинело $900 долари. Место каде ништо не ви го попречува хоризонтот на градот, па може бескрајно да уживате во сите благодети.
Life is good – Холандија
Ноќевање кое ќе ве чини само $185 долари. Се наоѓа на стара фарма во провинција. Она што го добивате покрај единствената соба се приватна теретана, градани, соба за состаноци, сауна.
Central Hotel - Копенхаген, Дансак
Цената на едно ноќевање во овој хотел е $330 долари. Сместен е во поранешен бордел, веднаш над најмалото кафуле во Копенхаген. Н е е премногу удобно, но делува симпатично. Во неговата единствена соба има брачен кревет, телевизор и супер евтин мини бар. Што друго би посакале?
Aroomfor London – Лондон, Велика Британија
Ноќевање за двајца чини $500 долари, а само за еден $200 долари. Нема нешто поексклузивно од бродски апартман на врвоте на Southbank Cener’s Queen Elizabeth Hall. Иако бродот изгледа мал, на располагање ви е двокреветна соба, мала кујна, библиотека и тераса со единствен поглед.
Уште 4 хотели со по 1 соба на следната страница...