10 дестинации во Македонија што вреди да ги посетите ова лето, според странски блогер кој живеел тука

Хераклеја

Древниот град Хераклеја се наоѓа во близина на Битола и е еден од најдобро зачуваните древни градови во Македонија.

Градот не е целосно истражен, но сепак ќе ви даде можност да ѕирнете во животот на луѓето од овие простори пред стотици години.

Кокино

Кокино во близина на Куманово е една од најстарите мегалитски опсерватории во светот.

Опсерваторијата е стара над 3.000 години и е вистинско културно богатство на Македонија.

Лесновски Манастир

На 20-тина километри од Кратово се наоѓа Лесновскиот манастир, најпознат по иконостасот.

Не е познато кога точно е изградена градбата, а првпат се спомнува во записи од далечната 1.330 година.

Смоларски Водопад

Смоларскиот Водопад е сместен на падините на Беласица, над селото Смоларе.

Водопадот е висок скоро 40 метри, а се наоѓа на 600 метри надморска височина.

Демиркаписка Клисура

Демиркаписката Клисура е популарна дестинација за оние кои сакаат качување по карпи.

Но, дури и да не сте авантуристи, има патеки за пешачење.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ова е Македонија: Караџица е како сцена од есенска бајка (фото) Караџица периодов е обоена во најубавите есенски тонови и буквално изгледа како ...
12 европски дестинации кои може да ги посетите во есен (според искусни патувачи) Ако немате идеја каде да заминете на следно патување, искусните патувачи на Euro...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
Паролдо: Вошебно италијанско село во кое се верува дека живеат вештерки (фото) Паролдо има околу 230 жители, а постојат легенди дека во волшебното село живееле...
9 европски дестинации каде и во рана есен е уште топло Од Кипар до Анталија, постојат повеќе места каде може да отидете на есенско пату...
„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg