Најубавите плажи во близина на Сарти (за тие што ја избегнуваат локалната плажа)
Mega Portokali – 6.5km од Сарти
Од главниот пат, на половина километар по Orange Beach, има мал знак кој води до оваа плажа, како и мала кантина, а патот низ шума ве води до оваа тесна плажа со тиркизна и чиста вода.
Paradise Beach – 7-8km од Сарти
Станува збор за дива и необележана плажа, а е една од најубавите на Ситонија, со тиркизна и кристална вода, ситен песок и е вистински рај, како што Грците ја нарекуваат.
Прочитајте: Како да стигнете до скриената рајска плажа Kavourotripes Paradise, на вториот крак во Грција? (фото)
Tigania Beach – 13km од Сарти
Ако не ви е проблем да извозите некој километар повеќе, ќе стигнете до егзотична плажа која вреди да се искуси.
Thalatta Beach - 15km од Сарти
На само стотина метри од плажата на кампот Каламици, се наоѓа оваа прекрасна, песочна плажа, каде се плаќа влез во истоимениот камп, а нуди паркинг, базен, ресторан и организирани лежалки на плажа каде може да уживате цел ден.
https://www.instagram.com/p/CieddUio1_r/
Прочитајте и Топ 12 плажи кои треба да ги посетите ако летово одите на вториот крак во Грција
М. М. | Црнобело