Најубавите плажи во близина на Сарти (за тие што ја избегнуваат локалната плажа)
Ако и вие како многу Македонци годинава се одлучите да летувате во Сарти, ви препорачуваме неколку прекрасни плажи во близина кои вреди да ги посетите, ако не сакате секој ден да го поминете на локалната плажа (која најчесто има високи бранови).
Многу Македонци го бираат Сарти како идеално место за сместување за време на летниот одмор, со оглед на тоа што е едно од најголемите места на Ситонија, вториот крак.
Има пешачка патека, плоштад, голем број продавници и таверни покрај плажа, игралишта за деца и плажа со лежалки.
Сепак, и покрај тоа што плажата е голема, многумина ја избегнуваат заради длабочината и високите бранови, но и заради желбата за промена.
Доколку сте од оние кои немаат проблем да извозат за да откријат скриени убавини на кракот, препорачуваме неколку плажи кои се во близина на Сарти.
На следното летување, посетете ги:
Achlada Beach - веднаш до Сарти
Најблиската мала плажа до која се стига пешки или со автомобил – идеална за избегнување на ветровитото време ако не сакате да одите предалеку.
Platanitsi – 3.5km од Сарти
Прекрасна плажа во склоп на кампот, но избегнувајте ја во денови кога е ветровито и во Сарти.
https://www.instagram.com/p/Cp0R0tdMx-R/
Orange Beach – 6km од Сарти
Една од најубавите плажи, со ситен песок и кристално чиста вода, но често е преполна, па се препорачува да си фатите место рано наутро. Има див дел, но и организиран дел со лежалки.