Се носат тексас кошули
Оваа есен ин се тексас кошулите. Без разлика за која боја се работи, тексас кошулите можат да се вклопат како во секојдневниот така и...
...во тренди деловниот стил. Дизел не е единствениот бренд кој овој тренд го вклопи во својата колекција.
Познатите брендови како Гап, с. Оливер и Њу Јоркер исто така во своите есенски парчиња ги вклопија и тексас кошулите.
Како да ги искомбинирате тексас кошулите?
Одберете темен тексас и слим модел на кошула која ја следи линијата на вашето тело. На тој начин комбинацијата ќе делува посериозно. За спортски и опуштен стил, одберете кошула од светол тексас. Можете да си играте со деталите, како избелени делови, апликација или постави со интересен принт.
При комбинирањето не можете да погрешите ако тексас кошулата ја носите со пантолани од друг материјал. Одберете пантолани со потемна боја кои визуелно ќе го намалат можниот вишок на килограми.
Со сивата боја играте на сигурно. Сиви пантолани или палто/јакна се добар избор затоа што во комбинација со тексас кошула делуваат тренди, но и умерено и хармонично. Добар избор се и нијансите на маслинесто зелена боја. Ако пак не сте за вистинска тексас кошула, одберете модел кој со својата боја имитира тексас.