Грешки при шминкањето
Шминката може да ве подмлади за 10 години, а може и да ви додаде исто толку. Ви откриваме шест кардинални шминкерски грешки поради...
...кои и помлада жена ќе изгледа повозрасно.
Седефастите сенки се модерни, но ги истакнуваат борите, моливчето за очи е хит но ги спушта капаците, темното руменило е „ин“, но кога ќе го употребите образите ви изгледаат како пропаднати.
Затоа не обрнувајте премногу внимание на модата, гледајте што ви стои. Шминката треба да ве разубави, а не да ве остари.
Водени од трендовите што ги рекламираат многу млади девојки дополнително обработени во фотошоп до перфекција, многу жени се обидуваат да го применат стилот на шминкање што младите девојки го рекламираат, па добиваат погрешен ефект – ги истакнуваат недостатоците и си додаваат години.
Мрсни сенки
Очите немојте никогаш да ги нагласувате со силни бои и мрсни светкави сенки. Ваквата текстура дава ефект на кожа од гуштер, а вие сигурно тоа не го сакате. Мрсните сенки навлегуваат во борите, па тие изгледаат подлабоки и повпечатливи. Ниту мат сенките не се иделни. Најдобар избор се хидратантни, кремасти сенки.
Црн туш
Темните, остри, дрматични линии ја нагласуваат опуштеноста на кожата. Затоа наместо црн туш, користете мек креон, кој со апликатор дополнително ќе го размачкате за да го добиете саканиот ефект. Ако имате ситни очи, бирајте креон во боја на слонова коска или бледо розева, а ако немате потреба од визуелно зголемување на очите, можете да користите и темно кафена.
На крајот со темно кафена маскара нагласете ги само горните трепки, долните, никако, затоа што така ќе ги истакнете борите околу очите, подочниците и уморот.
Исцртани веѓи
Внимавајте на веѓите! Ако претерате со кубење и многу ги истенчите, ќе изгледате многу повозрасно. Ако пак ги запустите, ќе биде уште полошо: ќе изгледате повозрасно и неуредно. Обликувајте го лакот, така што ќе изгледа природно, без драматични преоди и продолжетоци. Ако ги доцртувате, правете го тоа со молив во боја на косата.
Кафено руменило
Кафеното руменило многу го сакаат жените бидејќи мислат, така изгледаат исончано. Тоа е голема грешка. Жените со едри образи секогаш изгледаат помладо, а жените со пропаднати образи изгледаат поуморно и повозрасно. Всушност темното, мат руменило во нијанси на розева боја и боја на праска го волуменизира лицето и му дава свежина. Со малку светла сенка на врвовите на јагодиците потполно ќе се подмладите.
Молив за усни
Ако усните ви се спуштиле или пак ви се набраздени, немојте да ги исцртувате со молив и не ги мачкајте со мат кармин. Ова само ќе ви ги нагласи неправилните контури. Одбирајте транспарентни ружеви во месо боја или боја на корал, а вишокот отстранете го така што усните ќе ги допрете до хартиено шамивче. Преку ружот ставете седефаст балсам за усни. И не заборавете да се насмевнете, насмевката е најефикасното средство за подмладување.
Многу пудра
Дебел слој на тешка течна пудра за две до три нијанси потемна од вашиот тен, па преку неа допонително пудра во прав, ќе ве претвори од девојка во баба.
Ако уште под очите ставите многу светол коректор за да ги замаскирате темните подочници, упропастувањето ќе биде потполно.
Значи, ако имате некои недостатоци на кожата па ви треба течна пудра, одберете лесна, хидратантна со светкави честички кои ја одбиваат светлината и ги прават брчките понезабележителни. Може да биде за нијанса потемна од вашиот тен, а истото важи и за коректорот. Коректорот нанесете го тапкајќи со јагодиците на прстите, ниакко со размачкување, поради борите.