Носете фустани и уште 9 модни совети со кои лесно ќе го прекриете стомачето
Носете mom jeans
Фармерките познати како mom jeans изгледаат одлично на буквално секакво тело.
Обично имаат повисок струк и пошироки ногавици, па нема воопшто да ви го истакнат стомачето.
Комбинирајте ги фармерките со долги сакоа и кошули
Долгото сако може да ја освежи секоја комбинација, но и да го одвлече вниманието од вашето стомаче.
Дајте им предност на фустаните
Фустаните се парче облека со кое најлесно ќе го скриете стомачето.
Единствено избегнувајте многу тесни модели кои го оцртуваат целото тело.
Избегнувајте светкави материјали
Облеката од светкав материјал, како и облеката со многу украси, може да направи да изгледате пошироко отколку што сте.
Не заборавајте на држењето на телото
Покрај облеката, многу е важно и држењето на телото. Односно, ако одите и седите подгрбавени, стомачето секако дека ќе ви изгледа поголемо.
Па, не заборавајте да обрнете внимание и на ова.
Спирова С. | Црнобело