6 Бабини деветини за косата

6-babini-devetini-za-kosata-povekjeУбавата коса е значајна за секоја жена. Затоа и трошиме многу пари на препарати, но и посветуваме време слушајќи некои бизарни совети кои...


...немаат врска со вистината. Во што не треба да верувате?

6-babini-devetini-za-kosata

1. Сокот од лимон ја осветлува косата. Кога ова би било точно многу жени би заштедиле многу пари. Но, ако го послушате овој совет нема да добиете ништо друго освен сува и оштетена коса благодарение на лимоновата киселина.

2. Мајонезот е одличен балсам за коса. Ако ставите мајонез на коса, прво ќе привлечете цел рој муви и мушички, но и сите ќе побегнат од миризбата која ќе ја ширите наоколу. Освен тоа, после овој третман вашата коса подолг период може да изгледа масна.

3. После шишање косата расте побрзо. Уште една бабина деветина. Косата во просек расте 1cm месечно без разлика колку често се шишате. За да ви биде погуста треба да внимавате на својата исхрана. Јадете риба, немасно месо и јајца, и намалете ја употребата на фен и пегла за коса.

4. Капење во базен ја бои косата зелена. Ова е точно само ако сте фарбана плавуша. За да го избегнете овој проблем, пред капење во хлорирана вода ставете маска. Таа ќе ги затвори пукнатините на косата и ќе спречи хемикалиите да продрат во влакното.

5. Ако скинете бело влакно, на истото место ќе се појават три. Нема ни трошка вистина. Не е добро да ги кинете белите влакна затоа што го оштетувате коренот и ја намалувате можноста повторно да израсне.

6. Ладната вода не е добра за косата. Ниту ова не е точно. Таа ги затвора порите на влакната и косата изгледа посјајна и поздрава.

Би можело да ве интересира:

Само Блејк Лајвли може да блеска во цветни комбинации од глава до пети – храбра кралица на модата Во еден ден се појави во 4 цветни аутфити - Блејк Лајвли изгледа прекрасно во ст...
Бои на облека со кои никогаш нема да погрешите, дури и кога не се во мода Без разлика на буџетот кој ќе го одвоите за купување гардероба, боите кои ги изб...
Идеи за труднички аутфити од македонските инфлуенсерки Од макси фустанчиња до комплети со гол стомак, каква мода ни презентираа македон...
Модата на првата вечер на Shtip Fashion Days 2024: Што облекоа посетителите? (фото) Миа Костова и Маја Кикириткова избраа црни аутфити и ги комбинираа со црни очила...
Зошто славните дами шетаат само по долна облека (и прават тренд од тоа)? Бела Хадид јаде парче пица додека шета по гаќи, Кајли Џенер прошета со долна обл...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg