Топ шминка со лош ефект
Сигурно некогаш сте виделе лоша шминка – не сте сигурни што е тоа што не функционира, но шминката тука не поправила ништо (а главно тоа и е целта).
Постојат некои потези во шминкањето кои често се применуваат, а можат да бидат погрешни.
Една од најчестите грешки е премногу руменило. Целта на руменилото е да се изгледа свежо и да подмлади, како да сте се зацрвенеле по природен пат, од свеж воздух, од срамежливост....
Вишокот само ќе донесе контра ефект или вештачки изглед. Руменилото е најдобро да се нанесе пред било која друга боја. Ако изгледате дека би можеле да нанесете малку сјај за усни и малку маскара и така да излезете од дома, одлично.
Важно е да се одбере бојата. Можеби сакате да експериментирате, но бојата на праска е обично најефикасна. Многу е важно каде го нанесуваме руменилото: насмевнете се и нанесете малку руменило на јаболчниците. Таму би поцрвенеле по природен пат.
Прочуената сина сенка за очи, популарна како најчест избор уште од шеесеттите години на минатиот век, можеби е популарна, но кај голем број жени изгледа пренагласено. Можете дури и да добиете комплимент за сенката дека навистина изгледа супер, но од интензивната сина сенка нема да се гледате вие, ќе се забележува само многу убавата сина боја.
Уште еден проблем со сината боја која им е омилена на многумина, ако имате барем малку подочници...а кој нема, синото само ќе ги истакне. Слично како кога ќе изгорите од сонцето, а ќе облечете црвен фустан. Обидете се со некои потопли нијанси, костенлива, бронзена... Тие можат да ја „убијат“ сината боја.
Една од најпопуларните бои за шминка е секако сивата. Дава мистериозен изглед. Тоа е супер, но ако некој ве прашал дали сте во ред, а вие не се чувствувате уморно, причината е најверојатно сивата боја на вашата шминка (сива сенка, сиво розево руменило, сивкасто светло розев руж – тоа се убави бои, но можат да го истакнат и најмалото сивило на вашето лице).
Карминот кој оди преку линијата на вашите усни, некои дами веруваат дека тоа ги прави усните пополни, а всушност прави да изгледате како кловн.
Тајната на полните усни лежи во сјајот за усни. Одберете руж кој е за нијанса две потемен од вашите усни. Нанесете го преку усните, ни милиметар повеќе, а потоа нанесете сјај. Светлината ќе се одбива од сјајот и ќе дава илузија на пополни на усни.