10 трикови со кои ќе изгледате подобро во здолниште (дамите со стил ги практикуваат)
Широките здолништа комбинирајте ги со тесен горен дел, не се кријте во прекумерно големи модели, чевлите играат голема улога, а кожата секогаш треба да ви е негувана.
Здолништето е женствено модно парче кое може да изгледа добро на секоја жена, ако знае како да го носи и комбинира.
Зависно од формата и стилот, здолништето може да биде кратко, миди или долго, тесно или широко, но важно е и како ќе се комбинира.
Една мала грешка во комбинацијата може да направи целиот изглед да биде модно промашување.
Во продолжение погледнете трикови со кои се служат жените со стил, за секогаш да изгледате добро во здолниште:
Чевлите играат клучна улога
Kолку е подолго здолништето, толку повисоки треба да се чевлите. Со кратки здолништа носете чевли без потпетица.
Не се кријте во прекумерно големи здолништа, одберете го вистинскиот број за вас
Дополнително, широките здолништа секогаш комбинирајте ги со потесни горни делови.