9 трикови со кои ќе одберете квалитетна чанта што изгледа луксузно, дури и во „евтина“ продавница

Дефинираните форми изгледаат подобро

Чантите со дефинирана форма секогаш изгледаат полуксузно и поуредно моделите кои наликуваат на торби.

kako-da-odberete-kvalitetna-chanta-shto-izgleda-luksuzno-duri-i-vo-evtina-prodavnica-06.jpg

Давајте им предност на лесните чанти

Не заборавајте дека чантата треба да ви биде и удобна за носење, односно да не тежи многу.

Што значи, избегнувајте модели со тешки прерамки од синџири и модели со големи и тешки украси.

kako-da-odberete-kvalitetna-chanta-shto-izgleda-luksuzno-duri-i-vo-evtina-prodavnica-07.jpg

Одбирајте чанти направени од помалку парчиња материјал

Постојат модели на чанти кои се направени од повеќе закрпени парчиња материјал. Но, покрај тоа што можат да изгладат кич, овие модели можат да имаат пократок рок на траење поради повеќето шевови.

kako-da-odberete-kvalitetna-chanta-shto-izgleda-luksuzno-duri-i-vo-evtina-prodavnica-08.jpg

Патентите и нитните треба да се направени од метал

Металните патенти и нитни се многу поиздржливи од, на пример, пластичните, па секогаш давајте им предност.

Исто така, добро проверете дали патентите функционираат како што треба пред да ја купете чантата.

kako-da-odberete-kvalitetna-chanta-shto-izgleda-luksuzno-duri-i-vo-evtina-prodavnica-09.jpg

Одбирајте модели што се погодни за секакви пригоди

Ако не можете да одвоите пари за повеќе чанти, тогаш одберете модел кој ќе можете да го вметнете и во лежерни, и во посвечени комбинации.

kako-da-odberete-kvalitetna-chanta-shto-izgleda-luksuzno-duri-i-vo-evtina-prodavnica-10.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024 Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...
6 есенски комбинации на бои со кои нема да погрешите Сте помислиле ли да комбинирате бургунди со црно или тегет со жолто? Оваа есен е...
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...
Бон-тон правила за носење чанта што треба да ги знае секоја дама Малата чанта не треба да ја држите под рака, а чантата со две пократки прерамки ...
Детали на кои треба да обрнете внимание кога купувате чанта – прават да изгледа „евтино“ Непријатен мирис и конци што висат – на кои ситници да обрнете внимание кога куп...
Чанта изработена од воздух и стакло на ревија на Модната недела во Париз - Тежи само 33 грама Чантата е изработена од наноматеријали што НАСА ги користи во вселенските мисии,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg