9 трикови со кои ќе одберете квалитетна чанта што изгледа луксузно, дури и во „евтина“ продавница
Одбирајте модели кои немаат многу украси, како и модели кои можете да ги вметнете и во лежерни, и во посвечени комбинации.
Можеби квалитетот на брендираните чанти не се споредува со поевтините, но кога станува збор за изглед, не мора да трошите цело богатство.
Дури и евтината чанта може да изгледа луксузно, а ако обрнете внимание на некои детали, можете да најдете и модел со релативно добар квалитет.
Па, како да одберете поквалитетна чанта што изгледа луксузно, дури и во евтина продавница?
На чантата не треба да има тренди детали
Чантите без украси и разни детали (кои се хит само една сезона) секогаш се во мода, па давајте им предност на овие модели.
Темна нијанса
Иако и чантите со живи бои можат да изгледаат добро, моделите со потемни, понеутрални нијанси обично се подобар избор.
Па, ако се двоумите, секогаш е подборо да купите чанта со црна, темносина или некоја слична темна боја.
Марамата е прифатлив украс
Иако претходно спомнавме дека едноставните модели без многу украси се подобар избор, чантите украсени со марама секогаш изгладат елегантно и луксузно.
Секако, на чантата не би требало да има други детали.
Логото на брендот треба да биде минијатурно
Чантите изгледаат многу подобро ако логото на брендот не зафаќа половина од нив, туку е посуптилно.