Трикови со кои ќе го подобрите модниот стил, без да трошите пари на нова облека
Минималистичката комбинација ќе изгледа многу подобро ако вметнете едно парче со принт или различна текстура.
Ако сакате да го освежите и подобрите вашиот стил, нема потреба да купувате нова облека. Доволно е само да го промените начинот на којшто ги комбинирате парчињата што веќе ги имате во гардероберот.
Неколку совети што ќе ви помогнат во тоа:
Комбинирајте текстури и принтови
Вашата комбинација ќе изгледа многу подобро ако имате едно парче со принт или поразлична текстура. Ова парче нека биде „основата“ на комбинацијата, а потоа дополнете го со поедноставна и еднобојна облека.
Носете неутрални бои
Со неутралните бои нема многу простор за грешка, додека комбинирањето на поживи бои може да биде ризично.
Парчињата со бела, сива или црна боја лесно се комбинираат со сè и секогаш изгледаат стилски.
Носете подолги здолништа и фустани
Во гардероберот сигурно имате здолниште или фустан со должина до колената, па искористете го максимално.
Овие парчиња се одлични и за деловни, и за лежерни комбинации.
Преправeте ја облеката што ја имате
Веројатно имате неколку парчиња облека што ви се малку широки.
Овие парчиња ќе ви стојат многу подобро и ќе изгледаат многу полуксузно ако ги однесете на шивач кој ќе им ја среди големината.
Обрнете внимание на пропорциите
Во овој случај имајте на ум вашето тело да не биде поделено на еднакви делови.
Ако, на пример, носите здолниште и кошула, здолништето нека зафаќа поголем дел од телото, односно нека биде до колената.