10 трикови со кои ќе ја избегнете болката од штиклите и ќе ги носите грациозно
Немојте да стоите во место
Кога носите штикли, веројатно сте забележале дека стоењето во место предизвикува многу повеќе болка од одењето.
Па, избегнувајте да стоите кога носите штикли или воопшто не ги облекувајте ако знаете дека ќе треба да стоите во место подолг период.
Немојте да носите штикли секој ден
Колку и да се скапи и удобни, штиклите сепак создаваат притисок на стапалата и не е препорачливо да ги носите секој ден.
Правете пауза од барем ден-два помеѓу секое облекување штикли.
Купете и еден пар со платформи
Штиклите со платформа се многу поудобни и предизвикуваат помалку болка.
Па, одвреме-навреме носете и вакви штикли.
Вежбајте со нив
Во овој случај не станува збор за вежбање во теретана, туку активности со кои ќе научите да бидете постабилни во штикли.
Односно, вежбајте качување и симнување по скали, наведнување или кое било движење што ви претставува проблем кога носите штикли.
Не ја заборавајте масажата на стапалата
Веќе кажавме дека штиклите создаваат притисок на стапалата ги и заморуваат. Затоа, кога ќе си дојдете дома, одвојте време за кратка масажа со која ќе ги релаксирате стапалата и ќе ја намалите болката.
Спирова С. | Црнобело