10 трикови со кои ќе ја избегнете болката од штиклите и ќе ги носите грациозно
Внимателно одберете ја големината пред да ги купите, разносете ги пред да излезете со нив и не ја заборавајте масажата на стапалата откако ќе се вратите дома.
Иако стојат одлично со многу комбинации, прават да изгледаме совршено и ни ја зголемуваат самодовербата, сите можеме да се согласиме дека штиклите се најнеудобните чевли што можеме да ги облечеме.
Поради ова, повеќето девојки и жени избегнуваат да ги носат освен ако не се сигурни дека ќе имаат каде да седнат.
Но, нема потреба да се откажете од омилените штикли – доволно е да ги следите следниве совети:
Не ги облекувајте ако треба да одите брзо
Со удобен пар штикли возможно е да изодите многу, но сепак избегнувајте ги овие чевли ако треба да одите брзо.
Ако треба одите на аеродром или да фатите автобус, подобро облечете ниски чевли.
Внимателно одбирајте ја соодветната големина
Иако броевите на чевлите би требало да бидат универзални, некогаш има мали разлики во големината од модел до модел.
Поради ова, пред да ги купите, пробајте ги штиклите со бројот што го носите, но и еден број помали и еден број поголеми.
Направете неколку чекори и земете го бројот за кој сте сигурни дека не ве стега, но и дека не ви се соблекува. Исто така, важно е и стапалото да биде стабилно и да не се лизга.
Разносете ги пред да излезете со нив
Бидејќи штиклите се од покрут материјал, препорачливо е да ги разносите дома пред да излезете со нив.
На овој начин нивната форма малку ќе се измени и ќе се приспособи на вашето стапало, па ќе ја избегнете болката додека сте излезени.
Внимавајте на држењето на телото, но и каде се движите
За да одржите рамнотежа додека носите штикли, морате да одите исправено. Па, исправете го грбот, малку вратете ги рамената назад, затегнете го стомакот и малку кренете ја главата.
Исто така бидете внимателни по каков терен се движите – избегнувајте решетки, калдрми или каков било нерамен пат.
Купете влошки за чевли
Влошките можат да ги направат штиклите поудобни и значително да ја намалат појавата на болки.