Анастасија и Цеца Ражнатовиќ во ист модел на чизми – чинат вртоглави 1.500 евра и се светски хит (фото)
Анастасија и Цеца Ражнатовиќ деновиве се појавија во ист модел на чизми кој е моден хит на светско ниво периодов. Станува збор за чизми со уникатен дизајн кои креираат оптичка илузија и трендсетерките ги обожаваат.
Анастасија и Цеца Ражнатовиќ се актуелни периодов поради тоа што во еден ден се појавија во ист модел на чизми, кои чинат колку еден половен автомобил.
Цеца на снимањето на емисијата „Ѕвездите на Гранд“ се појави во чизмите – „хеланки“ и црн тесен фустан, а потоа и Анастасија се појави со ист модел на чизми само една нијанса потемни.
Анастасија Ражнатовиќ, со ваков стајлинг, гостуваше во шоуто на Огнен Амиџиќ, Амиџи Шоу, а проговори и за тоа што е она што најмногу ја нервира кај мајка ѝ, односно посочи дека тоа е кога ѝ го копира стајлингот.
„Ѝ купив исти вакви чизми само малку посветли и пред пет дена ѝ ѝ кажав што ќе носам денес. Таа сака тоа да ѝ го прави и на тетка ми. Не е намерно, но ете се погоди таа денес да облече црн фустан и овие чизми, а јас не стигнав да смислам нов стајлинг“ – рече таа.
Овие чизми се дело на познатите дизајнери Jimmy Choo и Mugler кои лансираа сопствена колекција што брзо стана вистински хит. Станува збор за чизми со графички линии што создаваат оптичка илузија.
Додека кратките чизми од колекцијата чинат нешто повеќе од 1.000 евра, за чизмите над колена потребно е да издвоите околу 1.500 евра.
Сепак, вртоглавата сума не е пречка за модните трендсетерки веднаш да побрзаат да ги купат овие чевли со оптичка илузија, затоа што новата колекција на Jimmy Choo и Mugler е рекордно распродадена.
https://www.instagram.com/p/CaPY16HMbhz/?utm_source=ig_web_copy_link
Прочитајте и Анастасија Ражнатовиќ, по 5 години врска и стан од 750.00 евра, се раздели со партнерот: „Му посакувам сè најдобро“
Б. С. Б. | Црнобело