5 парчиња облека на кои вреди да потрошите пари + 5 на кои можете да заштедите

Фармерки

Можеби и самите сте забележале дека нема некоја голема разлика помеѓу скапите и поевтините фармерки.

Фармерките се парче облека што сите го носиме често и подобро е да имате неколку поевтини модели што ќе можете да ги вметнувате во разни комбинации.

obleka-za-koja-vredi-da-dadete-povekje-pari-i-obleka-na-koja-nema-potreba-da-troshite-mnogu-07.jpg

Маички

Иако маичките можат да бидат највпечатливиот дел од комбинацијата, воопшто нема потреба да фрлате многу пари за нив.

Денес лесно можете да најдете прекрасни модели по многу прифатлива цена.

Притоа, имајте на ум дека маичките се перат по секое носење, а со текот на времето ова ги избледува. Па, сигурно не сакате да дадете многу пари за маичка што набрзо ќе избледи.

obleka-za-koja-vredi-da-dadete-povekje-pari-i-obleka-na-koja-nema-potreba-da-troshite-mnogu-08.jpg

Спортска облека

Нема потреба од скапа спортска облека ако сакате да одите во теретана или да се активирате повеќе.

Можете да најдете многу модели кои изгледаат добро и кои се направени од квалитетен материјал, а не чинат многу.

Сепак, во овој случај добро би било да дадете малку повеќе пари за квалитетен спортски градник.

obleka-za-koja-vredi-da-dadete-povekje-pari-i-obleka-na-koja-nema-potreba-da-troshite-mnogu-09.jpg

Пижами

Ако навистина сакате да се почастите со пар скапи пижами, слободно направете го тоа. Но, и во овој случај нема потреба да трошите цело богатство.

На крај, пижамите се само за спиење и залудно е да купувате многу скапи модели.

obleka-za-koja-vredi-da-dadete-povekje-pari-i-obleka-na-koja-nema-potreba-da-troshite-mnogu-10.jpg

Фустани за специјални пригоди

Не вреди да дадете половина плата за фустан што ќе го облечете еднаш, најмногу двапати.

Сигурно можете да најдете елегантен модел за многу пониска цена.

obleka-za-koja-vredi-da-dadete-povekje-pari-i-obleka-na-koja-nema-potreba-da-troshite-mnogu-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024 Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
Долги нозе, гради во преден план – Што облекоа познатите дами на ревиите од Модната недела во Париз? Кендал Џенер се појави закопчана до врат, а сестра ѝ Кајли носеше фустан со смел...
Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg