5 парчиња облека на кои вреди да потрошите пари + 5 на кои можете да заштедите
Навистина вреди да дадете повеќе пари за чанта – ја носите постојано и веројатно сакате да ви трае долго. Од друга страна, залудно е да фрлате половина плата за свечен фустан што ќе го облечете само еднаш, најмногу двапати.
Поради огромниот избор во продавниците, може да биде тешко да одлучите дали вреди да дадете некој денар повеќе за одредено парче облека или некој моден додаток.
Додека за некои парчиња навистина вреди да платиме повеќе, за некои нема смисла и е многу подобро да купиме поевтин модел.
Па, за што вреди да дадете повеќе пари, а за што не?
Пет парчиња за кои вреди да платите повеќе
Квалитетна кожена јакна
Денес постојат многу модели изработени од квалитетна „еко“ кожа кои иако чинат повеќе, вреди да ги купите.
Овие јакни стојат одлично во секакви комбинации за секакви пригоди, па осигурете се дека ќе вложите во квалитетен модел што ќе ви трае долго.
Чанта
Чантата е моден додаток што го носите постојано, па вреди да вложите во неа.
Многу е подобро ако имате 1-2 квалитетни модели кои ќе ви траат со години, отколку да купувате нешто евтино со рок на траење пократок од неколку месеци.
Најдобро вложете во поедноставна чанта со една боја и без многу додатоци за да можете да ја носите со секоја комбинација. Ако сте во можност, купете си еден поголем и еден помал модел.
Црн фустан
Во миговите кога не знаете што да облечете, црниот фустан е секогаш добар избор.
Ова безвремено парче облека можете да го носите на прошетка, на работа, па дури и на свечен настан, па вреди да вложите во поквалитетен модел.
Сако
Сакоата можат да ја комплетираат скоро секоја комбинација, па вреди да дадете некој денар повеќе за нив.
Поквалитетните сакоа, кои обично се и поскапи, имаат многу поубав крој и ќе ви стојат многу подобро. Истовремено, сигурно и ќе ви траат подолго.
Градник
Квалитетните градници можат да бидат скапи, но вреди да дадете повеќе пари за нив, и тоа не само од естетски причини.
Квалитетниот градник ќе ви ја даде потребната поддршка и ќе ги намали болките во грбот, особено ако имате поголеми гради.