Меко кроп-топ џемперче од ZARA е фаворит на модните инфлуенсерки (фото)
Зеленото кроп-топ џемперче од ZARA ги освои модните инфлуенсерки и стана вистински хит на Инстаграм.
За многу модни инфлуенсерки ZARA е омилената продавница за облека бидејќи постојано можат да се најдат уникатни парчиња по релативно ниска цена.
Сега инфлуенсерките имаат нов фаворит од познатата продавница – мек кроп-топ џемпер со светлозелена боја.
Зелената боја е вистински хит оваа зима и лесно можете да ја вметнете во многу комбинации. Кроп-топ џемперите, пак, изгледаат навистина интересно и го освежуваат секој аутфит.
Платеното џемперче од ZARA изгледа одлично со фармерки или панталони со висок струк, но и во комбинација со кошула.
Џемперот е совршен за лежерни комбинации, а лесно можете да го комбинирате и со впечатлив накит.
Неколку предлог комбинации:
https://www.instagram.com/p/CZEmfIOMO6R/
Спирова С. | Црнобело