Практични, едноставни и уникатни: 8 фризури кои ќе доминираат во 2022 година
Новата година бара нови почетоци од секаков вид, па истата е асоцијација за совршено време кое нѐ води директно во фризерските салони.
За разлика од 2021 година која подложеше на техника, оваа година главниот акцент е ставен на стилот. Фразата којашто пркоси е: „инстинктивно потстрижување“.
Оваа техника не е за оние со „слабо срце“, бидејќи истата вклучува фризерско потстрижување на слободна рака, врз основа на размислувањата на фризерот за обликот на лицето и типот на косата на клиентот.
Овој пристап сосема се разликува од типичниот прв пристап со „слика“, каде што клиентот покажува фотографија на славна личност со фризура којашто ја сака.
Со инстинктивното потстрижување, целта и стремежот е уникатната фризура, токму како и нејзиниот носител.
Доминираат фризури кои се лесни за правење и се многу практични, а најдобро од сè - одлично стојат на сите, без разлика на обликот на лицето.
Што се однесува до бојата на косата, сите нијанси на црвено ќе бидат многу популарни, па ако сакате да бидете во центарот на вниманието, тогаш црвената боја е вистинскиот избор за вас.
Во продолжение за вас издвоивме 8 фризури кои ќе доминираат во 2022 година:
Текстурирани слоеви
„Рунтава“ и дива
Мек, заоблен боб
Степенаста коса и аксесоари
Taпи врвови
Боб инспириран од серијата „Сексот и градот“
Долга и слоевита фризура
Елегантна, кратка фризура
Мила М. | Црнобело