Маската на Ким, златните „бели дробови“ на Бела: 20 модни изданија што ја одбележаа 2021 (фото)
Во 2021-ва бевме сведоци како животот полека се враќаше во нормала, повторно почнаа да се одржуваат престижните филмски и модни настани, а со тоа и појавувањето на славните на црвениот тепих. Кои модни изданија ја одбележаа изминатата година?
Враќањето на Филмскиот фестивал во Кан, модните настани во Венеција, но и Мет Галата во САД, беа едни од најпрестижните збиднувања каде имавме можност да ги погледнеме славните дами кои прошетаа на црвениот тепих.
Бела Хадид и нејзиното разголено деколте покриено само со златни „бели дробови“, Шерон Стоун во синиот фустан од Dolce & Gabbana го освоија Кан.
Ким Кардашијан беше главна тема откако на Мет Галата се појави целосно покриена во црната тоалета со маска на Balenciaga.
Џенифер Лопез беше мошне забележителна на модното шоу на Dolce & Gabbana во Венеција, а годинава особено нè изненади и војвотката Кејт Мидлтон која се појави во златен фустан на премиерата на филмот Џејмс Бонд.
Највпечатливите модни изданија за 2021:
Б. С. Б. | Црнобело