13 парчиња облека и модни додатоци кои „додаваат“ килограми (фото)

Минијатурни чанти

Ако сте повисоки или имате облини, избегнувајте да носите многу мали чанти – тие ќе создадат контраст и ќе направат да изгледате многу поголемо.

Од друга страна, никогаш нема да погрешите со поголема чанта.

12-parchinja-obleka-i-modni-dodatoci-koi-dodavaat-kilogrami-foto-07.jpg

Огромен колан со впечатлива боја

Ако сакате визуелно да ја намалите половината, најдобро избегнувајте ги широките колани, особено оние со впечатливи бои.

Ќе изгледате многу подобро со тенок колан кој се вклопува во модната комбинација без да создава контраст.

12-parchinja-obleka-i-modni-dodatoci-koi-dodavaat-kilogrami-foto-08.jpg

Широка јакна

Широката и кратка јакна нема да ги скрие несовршеностите, туку само ќе направи да изгледате пошироко.

Многу подобар избор се подолгите, струкирани јакни или капути.

12-parchinja-obleka-i-modni-dodatoci-koi-dodavaat-kilogrami-foto-09.jpg

Панталони со принтови

Принтовите се секогаш впечатливи, а поради ова можат да направат вашите нозе да изгледаат пошироко, особено ако имаат и хоризонтални линии.

Еднобојните панталони, особено со потемна нијанса, го имаат спротивниот ефект – прават вашите нозе да изгледаат подолго и послабо.

12-parchinja-obleka-i-modni-dodatoci-koi-dodavaat-kilogrami-foto-10.jpg

Многу широк џемпер

Иако нема ништо поудобно од нив, многу широките џемпери исто така можат да ви додадат некој килограм плус, особено ако ги комбинирате со широки панталони или широко здолниште.

12-parchinja-obleka-i-modni-dodatoci-koi-dodavaat-kilogrami-foto-11.jpg

Тесни плетени фустани

Овие фустани го оцртуваат целото ваше тело и ако не ја одберете вистинската долна облека, можете да изгледате пошироко.

Многу подобро изгледаат широките фустани кои можат и да ги скријат недостатоците како подуен стомак.

12-parchinja-obleka-i-modni-dodatoci-koi-dodavaat-kilogrami-foto-12.jpg

Парчиња со погрешна боја

Неретко и бојата на некое парче облека „одредува“ дали ќе изгледате пошироко.

Впечатливите бои, како црвена, портокалова или зелена можат да направат да изгледате поголемо. Од друга страна, со бои како кафеава и црна ќе изгледате визуелно послабо.

12-parchinja-obleka-i-modni-dodatoci-koi-dodavaat-kilogrami-foto-13.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
7 парчиња летна облека кои изгледаат подобро на куклите во излог, отколку на нас Плетени парчиња летна облека, капри панталони - што изгледа подобро на куклите в...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...
Кратки панталони кои се тренд за лето '24 и мора да ги имате Ова лето ако сакате да бидете во тренд со изборот на кратки панталони, тогаш со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg