13 парчиња облека и модни додатоци кои „додаваат“ килограми (фото)
Миди-здолништата со голем волумен визуелно ги скратуваат нозете и можат да ви додадат некој килограм плус, особено ако сте пониски.
Без разлика какво е вашето тело, важно е да си го сакате. Без разлика дали имате стомаче, широки колкови или што било што се смета за „недостаток“, треба да се носите гордо со него и да знаете кои парчиња облека најдобро ви одговараат на фигурата.
Односно, добро би било да знаете кои модели им стојат подобро на послаби, а кои на девојки и жени со облини.
Генерално, постојат неколку парчиња облека и модни додатоци што визуелно прават да изгледате пониско, а со тоа и пошироко, па најдобро е да ги избегнувате ако не сакате да го постигнете тој ефект.
Се разбира, не треба слепо да ги следите овие правила, но кога одбирате некое од следниве парчиња, не заборавајте да ги пробате пред да ги купите и да се осигурите дека сепак ви стојат добро.
Облека и модни додатоци кои прават да изгледате поголемо:
Светкава облека
Иако овие парчиња се впечатливи, можат да направат да изгледате пошироко. Па, кога сакате да ја нагласите фигурата, најдобро избегнувајте ги.
„Чокери“
Овие ланчиња визуелно го скратуваат вратот и можат да направат да изгледа пошироко.
Затоа, подобро одберете подолго ланче со приврзок или ѓердан.
Чевли со темни ремчиња
Темните ремчиња околу глуждовите прават нозете да изгледаат пошироко и пократко, дури и ако чевлите се со високи потпетици.
Многу подобро ќе изгледате со чевли кои имаат светли ремчиња.
Широко миди здолниште
Миди-здолништата со голем волумен визуелно ги скратуваат нозете и можат да ви додадат некој килограм плус, особено ако сте пониски.
Чевли со огромен ѓон
Иако периодов се доста популарни, бидете внимателни со чевлите со масивен ѓон. Овие чевли можат да ги нагласат листовите, па поради тоа нозете да ви изгледаат пошироко.
Многу широки или многу тесни панталони
Ако имате стомаче или широки колкови, многу тесните фармерки можат дополнително да ги нагласат.
Многу широките фармерки, од друга страна, прават нозете да изгледаат пократко и пошироко.