„Имам 42 години и постојано се шетам без градник - тоа ме прави неверојатно самоуверена“

„Јас сум за слобода на градите и тоа ми е многу посекси, отколку длабоко деколте и со пуш-ап градник кренати гради до заби. За мене шетањето без градник е врв за самодовербата. Ве ослободува и ви дава моќ.“

imam-42-godini-i-postojano-se-shetam-bez-gradnik-toa-kje-bide-najgolem-trend-zimava-01.jpg

Наоми Истед од Велика Британија е ТВ презентерка и новинарка и за магазинот TheSun таа пишува за својата страст да се шета без градник.

imam-42-godini-i-postojano-se-shetam-bez-gradnik-toa-kje-bide-najgolem-trend-zimava-02.jpg

Наоми открива колку самоуверена ја прави тоа:

„Кога ја видов Ријана како во портокалов фустан без градник е на средба со принцот Чарлс на Барбадос, додека ја прогласуваат за национален херој, си реков браво девојко.

Изгледаше импресивно, а нејзините гради беа раскошни, ѝ се гледаа дури и наежените брадавици. Таа е позната по тоа што не сака да носи градник.

imam-42-godini-i-postojano-se-shetam-bez-gradnik-toa-kje-bide-najgolem-trend-zimava-10.jpg

imam-42-godini-i-postojano-se-shetam-bez-gradnik-toa-kje-bide-najgolem-trend-zimava-03.jpg

Плус, не е единствената јавна личност што го прави тоа. Има уште многу, меѓу нив е и 25-годишната Зендаја.

imam-42-godini-i-postojano-se-shetam-bez-gradnik-toa-kje-bide-najgolem-trend-zimava-09.png

Јас имам 42 години и секогаш се шетам без градник, од свечени манифестации до кежуал средби. Јас сум за слобода на градите и тоа ми е многу посекси, отколку длабоко деколте и со пуш-ап градник кренати гради до заби. Посуптилно е и позаводливо.

Градниците постојат само околу 100 години, па кој рече дека ни се неопходни, што им недостигало на жените пред тоа?

За мене шетањето без градник е врв за самодовербата. Ве ослободува и ви дава моќ. Си го прифаќате своето тело и се чувствувате комфорно во сопствената кожа.

Во конзервативните земји одењето без градник уште се смета дека е поместување на граници, но треба да се прифати како сосема нормално. Важно е да бидете самоуверени во врска со вашето тело.

Се разбира, постојат пригоди кога треба да им дадете потпора на градите, особено ако имате големи гради, на пример додека спортувате.

Но, мило ми е кога гледам дека жени на моја возраст и постари се шетаат без градник, како Викторија Бекам (47) или Џенифер Анистон (52). Изгледаат неверојатно и како да врескаат од самодоверба кога шетаат без градник.

imam-42-godini-i-postojano-se-shetam-bez-gradnik-toa-kje-bide-najgolem-trend-zimava-08.jpg

imam-42-godini-i-postojano-se-shetam-bez-gradnik-toa-kje-bide-najgolem-trend-zimava-07.jpg

Од ролка и костим, па до обична маичка кога сакате да бидете посекси, можете да бидете без градник во разни пригоди.

Плус, оваа зима изгледот ќе биде популарен секаде затоа што во голема мера се промовира на модните шоуа на Gucci, Michael Kors и низа други модни куќи.

И секси е и комфорно е... Сетете се само колку пати при крајот од работниот ден едвај сте чекале да го фрлите градникот од себе. Плус има олеснување и при облекувањето затоа што нема потеба да размислувате каква боја на градник ви е потребна или дали ќе ви ѕиркаат прерамките.

Ги охрабрувам сите жени барем еден ден да излезат без градник и да видат колку убаво ќе се чувствуваат и како ќе бидат полни со самодоверба.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...
9 модни детали кои додаваат години и поради кои изгледате постаро отколку што сте Здолништа до под колено, обувки со дебели потпетици, брошови - кои се најголемит...
8 тренди парчиња кои нашите баби ги обожавале, а сега се враќаат во мода Плетени елеци со макраме техника, цветни марами, ролки комбинирани со тиролки......
Зошто славните дами шетаат само по долна облека (и прават тренд од тоа)? Бела Хадид јаде парче пица додека шета по гаќи, Кајли Џенер прошета со долна обл...
8 модели на сандали и влечки кои ќе бидат тренд ова лето Плетени, сандали со високи полни потпетици, влечки со златни и сребрени детали.....
Вертикални пруги – моден тренд што ќе доминира ова лето (фото) Широки, тесни, со разни бои, се чини дека пругите стануваат најголемиот пролетен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg