За храбри девојки: Како да носите мини здолниште и чизми со стил? (фото)
Факт е дека сме поограничени со модните комбинации во студените месеци кога многу поважно е да ни биде топло. Но, ова не значи дека треба да се откажете од тренди парчињата облека, како мини здолништата.
Кога станува збор за зимски аутфити со овие здолништа, хулахопките се задолжителни, а во комбинација со чизми можат да изгледаат навистина добро.
Здолништата со дезен изгледаат одлично со еднобојни хулахопки и чизми, а можете да ги комбинирате со џемпери и сакоа.
За еднобојните здолништа, пак, можете да одберете хулахопки со дезен кои стануваат сè попопуларни.
Овие комбинации одлично се вклопуваат со топлите зимски капути, па речиси и да нема простор за грешка.
Неколку предлог комбинации:
Спирова С. | Црнобело