10 застарени модни правила кои повеќе нема потреба да ги почитувате
Тренерките се само за по дома
Можете да направите многу комбинации за дневно излегување со тренерки, а ако сте похрабри, можете да ги комбинирате и со штикли.
Ниските девојки не треба да носат долги фустани
Овој совет потекнува од мислењето дека долгиот фустан ќе направи ниските девојки да изгледаат уште пониско.
Дури и ова да е вистина, не треба воопшто да ви е грижа бидејќи без разлика на вашата висина, можете да изгледате добро со долг фустан.
Ако сепак сакате да изгледате повисоко, долгиот фустан во комбинација со штикли ќе ви помогне да ја постигнете таа илузија.
Машката облека е само за мажи
Машки сакоа, широки кошули, вратоврски, елеци – машката облека може да ви стои исто добро колку и женската.
Бремените жени треба да носат само трудничка облека
Кога сте бремени, најважно е да ви биде удобно, но ова не значи дека мора да се ограничите само со облека направена специјално за трудници. Пошироки блузи, фустани што се растегаат, хеланки – постојат многу опции и за бремени жени.
Девојките со облини не треба да покажуваат многу кожа
Без разлика дали имате стомаче, пошироки колкови, поголем задник или поголеми гради, тоа не треба да ве спречи да облечете мини здолниште, фустан со шлиц или што било поразголено. Всушност, некои вакви парчиња им стојат дури и подобро на жените и девојките со облини.
Важно е вие да се чувствувате удобно и да сметате дека изгледате убаво.
Спирова С. | Црнобело