10 застарени модни правила кои повеќе нема потреба да ги почитувате
Ако ги избегнувате долгите фустани само затоа што сте ниски, време е да престанете со тоа. Дури и долгиот фустан навистина да прави да изгледате пониско, штом вам ви се допаѓа, не треба да ги слушате другите.
До неодамна навистина постоеја многу модни правила кои девојките и жените не си дозволуваа да ги прекршат. Но, храбрите познати жени и модни инфлуенсерки без проблем го прават тоа и ни докажуваат дека овие правила и не се така важни.
Модни правила од минатото кои не мора да ги следите повеќе:
Кроп-топ маичките се само за девојки со рамен стомак
Без разлика дали имате стомаче или затегнати стомачни, можете да изгледате добро со кроп-топ маичка.
Денес постојат толку многу вакви модели, што можете да најдете парче што ќе ви стои добро, без разлика на вашата фигура.
Не можете да носите сандали со чорапи
Можеби е малку потешко да ја направите вистинската комбинација, но сандалите и чорапите можат да изгледаат одлично.
Комбинезоните не изгледаат женствено и елегантно
Модните инфлуенсерки и познатите дами одново и одново докажуваат дека можете да изгледате женствено и елегантно и во комбинезон. Покрај спортските и лежерните, низ продавниците можете да најдете и многу елегантни модели кои изгледаат навистина добро.
Не треба да комбинирате принтови
Како со сандалите и чорапите, може да биде тешко да ја направите вистинската комбинација, но два различни принтови во една модна комбинација можат да изгледаат многу добро.
Широката облека не е елегантна
Широки панталони во комбинација со широк џемпер, широко сако, широка кошула… одличен спој на парчиња во кои ќе се чувствувате удобно, а можете да изгледате многу елегантно.