10 грешки што треба да ги избегнувате кога пробувате облека во бутик
Одите на шопинг со облека која тешко се соблекува
Имајте на ум дека ќе треба да се пресоблекувате неколкупати кога пробувате облека, особено ако одите во неколку разни продавници.
За да си го поедноставите пробувањето, осигурете се дека ќе излезете со облека која лесно можете да ја соблечете и облечете.
На пример, наместо кошула со копчиња, облечете нешто со патент. Ако е топло, облечете здолниште или фустан наместо панталони.
Не се огледувате од сите страни
Во кабината добро огледајте се од сите страни, а ако соблекувалната има и едно големо „заедничко“ огледало, не заборавајте да се огледате и таму.
Носите голем накит
Огромните обетки и многуте прстени секако дека ќе ви пречат кога ќе пробувате облека, а со нив можете и да ги оштетите парчињата. Па, најдобро е да не носите накит кога планирате да пробувате облека, или барем одберете нешто минималистичко.
Не се огледувате на друго светло
Светлото во кабините за пробување не секогаш е најдобро и некогаш може дури да ја промени и бојата на парчињата.
Затоа осигурете се дека ќе се огледате и надвор од кабината, односно на големото огледало во соблекувалната каде што светлото обично е многу подобро.
Земате многу парчиња во соблекувалната
Иако сите сакаме да си купуваме облека, овој процес може да биде многу заморен, особено ако земете да пробувате многу парчиња облека.
Подобро земете најмногу 3-4 парчиња на кои добро ќе им обрнете внимание, отколку да земете 5 и повеќе кои ќе ги пробате само на брзина.
Спирова С. | Црнобело